Bosch EXACT ION 18 V-LI 2-700 Manual Original página 157

Ocultar thumbs Ver también para EXACT ION 18 V-LI 2-700:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 25
OBJ_BUCH-1781-004.book Page 157 Thursday, March 16, 2017 9:02 AM
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Подмачкување на електричниот апарат
Средство за подмачкување
Специјална маст за погони (225 мл)
Број на дел/артикл 3 605 430 009
Molykote маст
Моторно масло SAE 10/SAE 20
– По првите 150 работни часа, исчистете го куќиштето со
разреден раствор. Следете ги напомените
производителот на растворот за користење и фрлање.
На крај подмачкајте го куќиштето со специјална маст за
погони од Bosch. Повторете го процесот на чистење по
околу 300 работни часа од првото чистење.
– Намастете ги подвижните делови на исклучната спојка
по 100000 зашрафувања на спојници со неколку капки
моторно масло SAE 10/SAE 20. Подмачкајте ги
деловите што се лизгаат и вртат со Molykote маст.
Проверете дали е изабена спојката, за да се осигурате
дека нема да влијае на повторливоста и прецизноста.
На крај, мора одново да се постави вртежниот момент
на спојката.
 Одржувањето и поправката треба да се изведува
само од страна на квалификуван стручен персонал.
Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на
електричниот апарат.
Овластената сервисна служба на Bosch овие работи ги
извршува брзо и доверливо.
 Материјалот за подмачкување и чистење
отстранете го на еколошки прифатлив начин.
Внимавајте на законските прописи.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на уредот.
Robert Bosch Power Tools GmbH гарантира за договорна
испорака на овој производ во рамките на законските
одредби и одредбите во зависност од земјата. При
рекламации за производот Ве молиме обратете се на
следново место:
Bosch Power Tools
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте
ја батеријата на тој начин што нема да се движи во
амбалажата.
Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни
национални прописи.
Отстранување
Електричните апарати, батериите, опремата и
амбалажите треба да се отстранат на еколошки
прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во
домашната канта за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според европската регулатива
2012/19/EU електричните апарати што се
вон употреба и дефектните или
искористените батерии според
регулативата 2006/66/EC мора одделно
да се соберат и да се рециклираат за
повторна употреба.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на
напомените во дел „Транспорт",
cтрана 157.
Се задржува правото на промена.
Македонски | 157
1 609 92A 3TZ | (16.3.17)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido