ЕЛЕКТРиЧНА БЕзБЕДНОСТ
• Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде
сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
• Држете го алатот за изолираните површини за
зафаќање кога извршувате работа при која што
дополнителната опрема за сечење може да
дојде во контакт со сокриените жици или со
кабелот (ако дополнителната опрема за сечење
дојдат во контакт со жица под напон може да ги
електрифицираат металните делови на алатот и да
предизвикаат електричен удар на операторот)
• Користете соодветни детектори за наоѓање на
скриени инсталации или повикајте соодветна
компанија за помош (контактот со електричните
линии може да доведе до струен удар; оштетувањата
во гасоводна цевка може да резултира со
експлозија; пенетрирање во водоводна инсталација
може да доведе до оштета на предмети или
електричен удар)
ЛиЧНА зАШТиТА
• Во случај да дојде до електричен или механички
дфект, веднаш исклучете го алатот и исклучете го од
приклучокот
• Овој алат не треба да го користат лица под 16 години
• Не обработувајте никаков материјал кој содржи
азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
• Прашината од материјали како боја која содржи
олово, некои видови дрво, минерали и метали, може
да биде штетна за здравјето (контактот со
прашината или нејзиното вдишување може да
шредизвика алергии и/или болести на дишните
органи за оној кој работи со алатот или луѓето во
близина); носете маска за прашина и работете со
правосмукалки доколку можете да ги поврзете
• Некои видови на прашина се канцерогени (како на
пример прашината од даб или бука), особено заедно
со адитиви за одржување на дрвото; носете маска
за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
• Следете ги процедурите на вашата земја за
прашината која се јавува како резултат од
материјалите со кои работите
• Држете ги рацете подалеку од површината за
сечење и сечилото; држете ја другата рака на
кружната дршка H 2 (доколку двете раце ја држат
пилата, може да бидат исечени од сечалото)
• Не посегнувајте под материјалот кој го
обработувате (близината на сечилото до вашата
рака во тој случај нема да ви биде видлива)
• Никогаш не држете го материјалот кој се сече во
вашите раце или преку вашата нога (битно е да се
зацврсти обработката соодветно, за да се намали
изложеноста на телото, заглавувањето на сечилото
или губењето на контрола)
• Користете стегачи или друг практичен начин за
да го обезбедите и потпрете парчето за работа
на стабилна платформа (парчето за работа е
нестабилно ако го држите парчето со рака или
потпрено на телото со што може да ја загубите
контролата)
• Не користете тапо или оштетено сечило (кривите
сечила лесно може да се скршат или да
предизвикаат повратен удар)
• Рацете држете ги на страна од местото помеѓу
куќиштето на алатот и држачот за сечилото D 2
(држачот за секилото може да ги фати вашите прсти)
• Осигурајте се држачот за сечилото D 2 да е
стегнат пред да сечете (лабав држач може да
предизвика алатот или сечилото да се лизнат, и да
се изгуби контролата како резултат на тоа)
• Користете заштитни ракавици кога го
отстранувате сечилото од алатот (сечилото на
пилата може да се загрее по подолга употреба)
• Носете заштитни очила и заштита за ушите
ОБЈАСНУВАЊЕ зА СиМБОЛиТЕ зА АЛАТОТ
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
5 Не фрлајте го алатот заедно со другиот отпад од
домаќинството
УПОТРЕБА
• Вклучено/Исклучено 6
• Контрола на брзината
Со тркалцето C 2 брзината на пилата може да се
приспособува, од ниска кон висока (6 позиции)
• Местење на брзината на сечење во зависност од
материјалот што се користи 7
! ако алатот не работи со тркалцето C 2 во
позиција 1, изберете поголема брзина на
сечење и полека намалувајте ја брзината
додека работи алатот
• Монтирање на сечилото на пилата 8
! извлечете го приклучокот ако кабелот
- притиснете го држачот за сечилото D кон напред
и држете го во таа позиција
- вметнете го сечилото (со запците надолу или
нагоре) до крај
- пуштете го држачот за сечилото D
- извлечете го сечилото до таа мера, додека
држачот D не кликне во вистинската позиција
- турнете го и извлечете го сечилото за да
проверите дали е правилно наместено
! осигурајте се држачот на сечилото D 2 да е
зацврстен пред да сечете (лабав држач може
да предизвика алатот или сечилото да се
лизнат, и да се изгуби контролата како
резултат на тоа)
! осигурајте се предниот дел на сечилото да се
протега низ плочата на основата E низ целата
должина на движењето
• Отстранување на сечилото 9
- притиснете го држачот за сечилото D кон напред
и држете го во таа позиција
- извлечете го сечилото
- пуштете го држачот за сечилото D
• Приспособливи плочи на основата 0
- основата E се поместува за да може да има
контакт со што е можно поголем дел од
материјалот кој се обработува
98