ЛИЧНА ЗАШТИТА
• Овој алат е наменет за употреба за лица (вклучувајќи
и деца) со намалени физички, сензорски или
ментални способности или со помало искуство и
знаење, и доколку лицето задолжено за нивна
безбедност не им даде соодветна помош и упатство
за за тоа како да се користи алатот
• Обезбедете децата да не си играат со алатот
• Никогаш не дозволувајте деца или други лица
коишто не ги знаат упатствата за работа да го
користат алатот (локалните одредби може да ја
ограничуваат возраста на операторот)
• Никогаш не раздувувајте отпад во правец на луѓе во
близина
• Не дувајте или смукајте материјали кои се
опасни по здравјето на луѓето (Како на пр.
прашина од бука, храст, градежни материјали,
азбест)
• Не носете широка облека или накит кои можат да
бидат всмукани во влезниот отвор за воздух; долгата
коса држете ја подалеку од отворот за воздух
• Нивото на бучава додека работите може да изнесува
повеќе од 85 dB(A); носете заштита за ушите
• Носете маска за прашина кога работите во правлива
средина
• Секогаш исклучувајте го приклучокот од изворот за
напојување за време на пауза во работата или пред
чистење, одржување, вршење на какви било
прилагодувања или замена на додатните делови за
да се намали ризикот од случајно вклучување на
алатката
ЕЛЕКТРИЧНА БЕЗБЕДНОСТ
• Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е
назначен на плочката на алатот
• Користете уред за преостанат напон (RCD) со
максимален напон за активирање од 30 mA кога ја
користите косилката
• Не дувајте и не шмукајте течности (навлегувањето
на течности го зголемува ризикот од електричен
удар)
• Не ја изложувајте алатката на дожд или влага
(навлегувањето на водата во моторот го зголемува
ризикот од електричен удар)
• Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде
сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
• Исклучиво користете продолжен кабел кој е опремен
со приклучок отпорен на вода и двојна приклучница
отпорна на влажнење
• Проверувајте го продолжниот кабел од време на
време и сменете го ако е оштетен (несоодветните
продолжни кабли се опасни)
• Секогаш исклучете ја машината и исклучете го
приклучокот од штекерот ако кабелот за напојување
со ел. енергија или продолжниот кабел се пресечени,
оштетени или заплеткани (не допирајте го кабелот
пред да го исклучите приклучокот)
• Немојте да ја прегазувате алатката со возило,
нагмечувате или истегнувате
• Никогаш не користете кабел за носење, бесење на
алатот или за извлекување на штекерот од
мрежниот приклучок
• Никогаш не користете алат ако кабелот е оштетен;
замената на кабелот мора да ја изврши стручно лице
ПРЕД УПОТРЕБА
• Запознајте се со контролите и со правилната
употреба на косилката
• Проверувајте ја функционалноста на машината пред
секоја употреба и во случај на дефект, повикајте
квалификувано лице да ја поправи. Никогаш не
отворајте ја машината сами
• Кога смукате, никогаш не ја користите алатката без
вреќичка за прашина
• Редовно проверувајте ја вреќичката за прашина во
случај да е изабена или оштетена
• Заменете ги изабените или оштетените делови
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
• Кабелот секогаш држете го подалеку од деловите на
алатот кои се движат; кабелот држете го на задната
страна, на страна од алатот
• Секогаш одржувајте ги отворите за вентилација
чисти и без отпадоци
• Заземете безбедно држење при работа (не посегајте
се, особено кога користите скалило)
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Носете заштитни очила
5 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
УПОТРЕБА
• Вклучено/Исклучено
- вклучете го алатот со пуштање на прекинувачот A
- заклучете го прекинувачот за континуирана
употреба со притискање на копчето B
- отклучете го прекинувачот со повторно
повлекување на прекинувачот A и отпуштање
- исклучете го алатот со пуштање на прекинувачот
A
! пред да го вклучите алатот, проверете дали
допира до некој предмет
! по исклучување на алатот, моторот
продолжува да работи уште неколку секунди
• Раздувување 6
- вметнете ги плочките внатре во млазницата C во
излезните отвори за воздух D и зацврстете ја
млазницата во позиција со нејзино вртење во
насока на движењето на стрелките на часовникот
! кога дувате, секогаш осигурајте се дека во
доводот за воздух E 2 нема отпадоци или
нечистотија
• Смукање 7
- вметнете ги плочките внатре во млазницата C во
влезните отвори за воздух E и зацврстете ја
млазницата во позиција со нејзино вртење во
насока на движењето на стрелките на часовникот
- не смукајте материјали со остри рабови или
вжештени материјали (како на пр. скршено
стакло, врел пепел или парчиња метал)
! пред да смукате, секогаш наместете ја
вреќичката за прашина F на излезниот отвор
за воздух D
59