УПАТСТВО ЗА БЕЗБЕДНА РАБОТА СО УБОДНАТА
ПИЛА
ОПШТИ
• Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е
назначен на плочката на алатот (алатите за напон од
230V или 240V исто така може да се поврзат и на
напон од 220V)
• Проверувајте ја функционалноста на машината пред
секоја употреба и во случај на дефект, повикајте
квалификувано лице да ја поправи. Никогаш не
отворајте ја машината сами
• Не обработувајте никаков материјал кој содржи
азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
• Овој алат не треба да го користат лица под 16 години
• Нивото на бучава додека работите може да изнесува
повеќе од 85 dB(A); носете заштита за ушите
• Носете очила кога работете со материјали што
создаваат струготини
• Прашината од материјали како боја која содржи
олово, некои видови дрво, минерали и метали, може
да биде штетна за здравјето (контактот со
прашината или нејзиното вдишување може да
шредизвика алергии и/или болести на дишните
органи за оној кој работи со алатот или луѓето во
близина); носете маска за прашина и работете со
правосмукалки доколку можете да ги поврзете
• Некои видови на прашина се канцерогени (како на
пример прашината од даб или бука), особено заедно
со адитиви за одржување на дрвото; носете маска
за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
• Следете ги процедурите на вашата земја за
прашината која се јавува како резултат од
материјалите со кои работите
• Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде
сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
• Обезбедете се алатот да е исклучен од струја
пред да вршите било какво подесување или
замена на приборот
ПРЕД УПОТРЕБА
• Пред да почнете со сечење, отстранете ги сите
пречки на и под местото каде сечете
• Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и
други предмети во местото каде работите; тргнете ги
пред да почнете со работа
• Зацврстете го материјалот кој го обработувате
(обработка која е зацврстена со стеги или во
менгеме е побезбедна отколку да ја држите со раце)
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
• Држете го алатот за изолираните површини за
зафаќање кога извршувате работа при која што
дополнителната опрема за сечење може да
дојде во контакт со сокриените жици или со
кабелот (ако дополнителната опрема за сечење
дојдат во контакт со жица под напон може да ги
електрифицираат металните делови на алатот и да
предизвикаат електричен удар на операторот)
• Кабелот секогаш држете го подалеку од деловите на
алатот кои се движат; кабелот држете го на задната
страна, на страна од алатот
• Ако кабелот се оштети или пресече за време на
работата, веднаш исклучете го и не го допирајте
• Никогаш не користете алат ако кабелот е оштетен;
замената на кабелот мора да ја изврши стручно лице
• Во случај да дојде до електричен или механички
дфект, веднаш исклучете го алатот и исклучете го од
приклучокот
• Држете ги рацете подалеку од сечивото кога
работите со електричен алат
ПРИБОР
• SKIL може да признае гаранција само доколку е
користен соодветен прибор кој може да се набаво во
сите SKIL продавници
• Не користете сечиво што е напукнато, деформирано
или тапо
КОРИСТЕЊЕ НА ОТВОРЕНО
• Кога го користите на отворено, поврзете го алатот
преку осигурувач за струја (FI) за погрешно
напојување во струја за прекинување со максимум
30 mA и користете продолжен кабел којшто е
наменет за употреба на отворено и опремен со
водоотпорен приклучок
ПО УПОТРЕБА
• Кога ќе ја завршите работата со алатот, исклучете го
моторот и проверете дали сите подвижни делови се
застанати
УПОТРЕБА
• Вклучено/Исклучено 4
• Промена на сечивото 5
! уфрлете го сечивото до полна длабочина со
запците свртени нанапред 6
• Поставување/вадење на адаптерот за
правосмукалката 7
• Дупчење на 15 / 30 / 45 степени 8
• Местење на брзината на сечење во зависност од
материјалот што се користи 9
! ако алатот не работи со тркалцето C во
позиција 1, изберете поголема брзина на
сечење и полека намалувајте ја брзината
додека работи алатот
• Избор на видот на сечење 0
Употребувајте го нивото D за подесување на
насоката на сечење од прецизно сечење (=0) до брзо
сечење (=MAX)
- 1 позиција ("0") за прецизно сечење на сите
материјали, праволиниски и под агол
- 4 позиција за брзо сечење во различни
материјали, само праволиниски
1 = метал
2 = пластика
3 = тврдо дрво
4 = меко дрво
! секогаш изберете "0" при сечење на
чувствителни материјали
• Смукалка за прашина !a
- монтирајте го адаптерот за правосмукалката B
- повлечете го прекинувачот E во "O" позиција
! не користете правосмукалката кога сечете
метал
93