Skil F0151082 Serie Manual Del Usuario página 87

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 29
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА БРУСИЛКА
ОПШТИ
• Овој алат не треба да го користат лица под 16 години
• Овој алат не е соодветен за брусење во влажна
средина
• Никогаш не користете алат ако кабелот е оштетен;
замената на кабелот мора да ја изврши стручно лице
• Не обработувајте никаков материјал кој содржи
азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
• Обезбедете се алатот да е исклучен од струја
пред да вршите било какво подесување или
замена на приборот
ПРИБОР
• SKIL може да признае гаранција само доколку е
користен оригинален прибор
• Не користете истрошена, изабена или многу
зачепена брусна хартија
ПРЕД УПОТРЕБА
• Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е
назначен на плочката на алатот (алатите за напон од
230V или 240V исто така може да се поврзат и на
напон од 220V)
• Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и
други предмети во местото каде работите; тргнете ги
пред да почнете со работа
• Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде
сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
• Нивото на бучава додека работите може да изнесува
повеќе од 85 dB(A); носете заштита за ушите
• Прашината од материјали како боја која содржи
олово, некои видови дрво, минерали и метали, може
да биде штетна за здравјето (контактот со
прашината или нејзиното вдишување може да
шредизвика алергии и/или болести на дишните
органи за оној кој работи со алатот или луѓето во
близина); носете маска за прашина и работете со
правосмукалки доколку можете да ги поврзете
• Некои видови на прашина се канцерогени (како на
пример прашината од даб или бука), особено заедно
со адитиви за одржување на дрвото; носете маска
за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
• Следете ги процедурите на вашата земја за
прашината која се јавува како резултат од
материјалите со кои работите
• Носете заштитни ракавици, заштитни очила, тесна
облека и заштита за коса (доколку имате долга коса)
• Зацврстете го материјалот кој го обработувате
(обработка која е зацврстена со стеги или во
менгеме е побезбедна отколку да ја држите со раце)
• При брусење на метал доаѓа до појава на искри; не
користете кутија за прашина/правосмукалка а
останатите лица и запалливи материјали треба да се
наоѓаат подалеку од местото каде се работи
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
• Кабелот секогаш држете го подалеку од деловите на
алатот кои се движат; кабелот држете го на задната
страна, на страна од алатот
• Не допирајте ја брусната хартија која се движи
• Во случај да дојде до електричен или механички
дфект, веднаш исклучете го алатот и исклучете го од
приклучокот
• Ако кабелот се оштети или пресече за време на
работата, веднаш исклучете го и не го допирајте
ПО УПОТРЕБА
• Кога ќе ја завршите работата со алатот, исклучете го
моторот и проверете дали сите подвижни делови се
застанати
УПОТРЕБА
• Поставување на брусната хартија 4
! извлечете го приклучокот ако кабелот
! за вшмукување на прашина е потребна
перфорирана брусна хартија
! перфорацијата на брусната хартија треба да е
соодветна на перфорацијата на брусната
плоча
! навремено заменете ја истрошената брусна
хартија
- секогаш користете ја портокаловата пенеста
подлошка (којашто лесно се аби и затоа е
исклучена од гаранцијата)
! целосната површина за брусење треба да
биде прекриена со брусна хартија кога ќе го
користите алатот
- истресете ја прашината од материјалот од
ВЕЛКРО на портокаловата пенеста подлошка
пред да ја поставите на хартијата за брусење
- поставете шмиргла за пескарење од ВЕЛКРО
како што е прикажано
• Вшмукување прашина 5
- поставете ја кутијата за прашина A така што ќе ја
наместите на алатот како што е прикажано на
сликата со тоа што треба да се заклучи
- извадете ја вреќата за прашина A со притискање
на копчето B и држете го во таа позиција додека ја
влечете вреќата наназад
- редовно празнете ја кутијата за прашина A за
оптимално собирање на прашина
! не користете ја кутијата за прашина за
собирање прашина кога брусите метал
• Вклучено/Исклучено
- алатот вклучете/исклучете го со поместување на
прекинувачот C 2 напред/назад
! алатот треба да го вклучите пред брусната
површина да го допре местото каде ќе
работите
! уредот треба да се подигне од работната
површина пред тој да биде исклучен
• Контрола на брзината
За оптимални резултати на стругање на различни
материјали
- со тркалцето D 2 можете да ја подесите саканата
брзина на брусењето
- пред да започнете со работа, најдете ја
оптималната брзина и големина на решетката со
тестирање врз непотребен материјал
• Држење и насочување на алатот
! додека работите, секогаш држете го алатот за
местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја 6
87

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

1082

Tabla de contenido