- држете го алатот паралелно со површината која ја
обработувате
! не применувајте многу притисок врз алатот и
оставете ја површината за чистење да ја
заврши работата за вас
- не го навалувајте алатот за да избегнете појава на
несакани траги од брусењето
- отворите за ладење E 2 држете ги отворени
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
• Кога пенестетата подлошка или делта-врвот се
изабени или оштетени на врвот, може да му го
продолжите рокот на употреба за двапати ако го
свртите за 120° (применливо е и за делта-шмирглата
за брусење) 7
• Никогаш не користете ја истата брусна хартија и за
дрво и за метал
• Препорачана рапавост на брусната хартија
- користете груба шмиргла (40, 60) за отстранување
боја и за брусење на исклучително грубо дрво
- користете средно груба шмиргла (80, 100, 120) за
брусење грубо или мазно дрво
- користете фина шмиргла за мазнење на дрво и
површини со стара боја, како и за завршна
обработка на голо дрво (180, 240, 320)
• Користете разни големини на шмиргли кога
површината е груба:
- започнете да пескарите со груба или средна
шмиргла
- завршете со фината шмиргла
• Многу други совети можете да најдете на www.skil.
com
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
• Овој алат не е наменет за професионална употреба
• Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти
(особено отворите за ладење E 2)
- со четкичка отстранете ја насобраната прашина
од брусењето
! пред чистење извадете го алатот од
приклучокот
• Доколку алатот и покрај внимателното работење и
контрола некогаш откаже, поправката мора да ја
изврши некој овластен SKIL сервис за електрични
алати
- во случај на примедба, испратете го алатот
нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до
вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис
(адресите се наведени на www.skil.com)
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА
СРЕДИНА
• Не се ослободувајте од електични алати, уреди
или амбалажа преку нивно фрлање во
домашното ѓубре (само за земјите на ЕУ)
- според Европската Директива 2012/19/EC за
ослободување од електрична и електронска
опрема и нејзина имплементација во согласност
со националните закони, електричните алати кои
го достигнале крајот на својот животен век мора
да бидат собрани посебно и да бидат вратени во
соодветен објект за рециклирање
- симболот 8 ќе ве потсетува на ова кога ќе дојде
време алатот да го фрлите
ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА УСОГЛАСЕНОСТ
• Со целосна одговорност изјавуваме дека производот
опишан кај "Технички податоци" е усогласен со
следните стандарди или документи за
стандардизација: EN 60745, EN 61000, EN 55014 во
согласност со одредбите во директивите 2004/108/
EG, 2006/42/EG, 2011/65/EУ
• Техничко досије во: SKIL Europe BV (PT-SEU/
ENG1), 4825 BD Breda, NL
12.03.2014
БУЧАВА/ВИБРАЦИИ
• Мерено во согласност со EN 60745 нивото на звучен
притисок е 82 dB(A) а нивото на звучна моќност
93 dB(A) (стандардно отстапување: 3 dB), и
вибрација 5,3 м/с² (hand-arm метода; несигурност К =
1.5 м/с²)
• Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено
на задниот дел на ова упатство е измерено во
согласност со стандардизираниот тест даден во EN
60745; може да се користи за да се спореди еден
алат со друг, и како првична оценка за изложеноста
на вибрации кога се користи алатот за споменатите
примени
- користењето на алатот за разни примени, или со
различни или неправилно чувани делови, може да
доведе до значајно зголемување на нивото на
изложеност
- кога алатот е исклучен или кога алатот е вклучен
но не врши некаква работа, може да дојде до
значително намалување на нивото а изложеност
! заштитете се од ефектите на вибрациите
преку одржување на алатот и неговите
делови, одржување на топлината во вашите
раце, и организирање на вашата работа
Smeriluese delta
HYRJE
• Kjo vegël është e projektuar për smerilimin e thatë dhe
lustrimin e drurit, sipërfaqeve të lyera, plastikës, metaleve
dhe mbushjeve; ajo është veçanërisht e përshtatshme
për të punuar në vende me cepa, të ngushta dhe vende
të tjera të vështira për t'i arritur.
88
1082