Descargar Imprimir esta página

Lotus Professional enMotion Manual De Instrucciones página 26

Ocultar thumbs Ver también para Professional enMotion:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 6
MACEDONIAN
Ви честитаме за изборот со кој ќе ја зголемите
хигиената и чистотата во вашиот тоалет. Новиот систем
беа контакт enMotion за бришење раце со повлекување
ја користи иновацијата на утрешнината и го зголемува
капацитетот на сушење за да одговори на денешните
потреби за поефикасни хигиенски решенија. Вашиот
избор значи определба за обезбедување на хигиенска
средина во тоалетот и имиџ за квалитет и подобрување
на услугата во вашиот тоалет.
АЛАТКИ И НАБАВКИ
• Шрафцигер
• Бор-машина
• Молив или пенкало
• Либела (препорачливо)
• 4 ea. #8 Вклучени дрвени типли
ЧЕКОР ЕДЕН
Лоцирајте ги наведените компоненти :
• 1 држач за хартија enMotion за бришење раце со
повлекување
• Клуч за држачот
• 4 "D/LR21" целуларни батерии
• Упатство
• Типли
ЧЕКОР ДВА
Составување на држачот за хартија enMotion за
бришење раце со повлекување
1. Поставете го клучот од десната страна на држачот и
отворете го.
2. Одвиткајте го целофанот од батериите.
3. Наполнете 4 "D" целуларни батерии во делот за
батерии што се наоѓа во задниот дел од држачот.
4. Затворете го држачот.
ЧЕКОР ТРИ
Определување локација на ѕидот
1. Определете ја локацијата за монтирање на држачот.
Кога го поставувате држачот, оставете барем 10 см
простор од сите страни.
2. Пронајдете го металниот статичен основен клип
од левата страна на задната плоча. Тој мора да
биде во контакт со ѕидот за да може соодветно да
се постави држачот. Доколку држачот не се постави
успешно, истиот може да се оштети и да не биде
повеќе функционален.
3. Доколку го инсталирате директно на ѕидот, ќе биде
потребно да се направи засек со димензии
38,1 см висина x 26,67 см ширина x 10,16 см
длабочина .
Забелешка: Врата се монтира од левата страна на
куќиштето. Доколку нема доволно простор за
вратата од левата страна, погледнете ги упатствата
подолу за преместување на вратата од лева на
десна страна.
Упатства за преместување на вратата:
1. Користете шрафцигер Philips (крстач) за да ги
отстраните сребрените шарки од левата страна на
држачот и сочувајте ги шрафовите. Откако ќе ги
отстраните, шарките би требало да се одвојат од
црната задна плоча.
2. Потоа употребете обичен шрафцигер за да ги
отстраните 2те шајбни во форма на полумесечина од
шарките за да може вратата да се подигне од
шарките. Сочувајте ги овие шајбни.
3. Сега употребете шрафцигер Philips (крстач) за да ја
демонтирате бравата и да ја преместите на
спротивната страна од држачот. Отстранете го
сребреното капаче од незаклучената страна и
прицврстете го на соодветното место на спротивната
страна.
4. И на крај, повторно прицврстете ги шарките,
додавајќи ги шајбните од претходниот чекор за да
бидете сигурни дека вратата нема да може да се вади
од шарките.
ЧЕКОР ЧЕТИРИ
МЕСТЕЊЕ НА ПРВАТА РОЛНА
(видете чекор 1 - 4)
1. Ставете ја ролната како што е прикажано на слика 1.
2. Подигнете ја шипката за трансфер и наместете ја
хартијата зад неа. Превиткајте 2,5 см должина од
хартијата на крајот од ролната (запците од шипката за
трансфер треба да бидат во превитканиот дел).
3. Со шипката за трансфер поставена на место,
притиснете го синото копче за полнење на долниот
десен дел од држачот (хартијата автоматски ќе се
наполни).
4. Откако хартијата ќе се наполни преку дното, скинете
парче хартија и затворете го капакот.
МЕСТЕЊЕ НА НОВИ РОЛНИ
(види чекор 5 – 8)
5. Кога ќе светна индикаторот за потрошена хартија,
додадете нова ролна.
6. Тргнете ја делумно потрошената ролна (околу 7,5 цм
= Battery
во дијагонала) кон дното на држачите на ролни
(намотајте го вишокот хартија назад на ролната).
7. Следете ги чекорите од 1 до 2 за да ја наместите
новата ролна на горниот дел од преградата.
8. Затворете го поклопецот.
Забелешка: Кога се користи опцијата за трансфер,
држачот за хартија ќе ја дуплира хартијата
при крајот на ролната која веќе се троши.
ЧЕКОР ПЕТ
Функционирање на држачот (видете го упатството од
внатрешната страна на поклопецот)
1. Крпи за бришење за држач enMotion
A. Поставен во Режим на барање (On-Demand Mode -
ODM), придвижете ја раката пред држачот на
растојание од околу 5 см. Ќе ви биде подадена
хартија за бришење enMotion.
B. Поставен во Режим на висење (Hang Mode - HM)
хартијата enMotion автоматски ќе ви се покаже,
неколку секунди откако ќе се затвори капакот или
откако ќе се скине хартијата.
C. Откако ќе се подаде хартијата, може да настане
краток застој за да се избегне непотребно трошење
хартија. По краткиот застој, може да се подаде
следното парче хартија.
Забелешка: За да го прилагодите времето на застој,
видете го Чекор 6 гПрилагодувања".
2. Заменување на батерии
A. Сигналното светло за гпотрошена батерија" се наоѓа
од десната страна на леќите и означува дека
батеријата е потрошена.
Забелешка: откако ќе засвети светлото, држачот ќе
продолжи да функционира ограничен временски период.
B. Заменете ги батериите со 4 "D" целуларни батерии
Поставете ги батериите како што е прикажано на
дијаграмот кој се наоѓа во внатрешноста на
преградата за батерии.
3. Местење на дополнителни ролни хартија: видете
чекор
4. Доколку ги придвижите рацете 2-3 пати во доменот на
сензорот и не добиете хартија, отворете го капакот и
проверете дали хартијата е наместена правилно.
Потоа проверете во внатрешниот канал за хартија за
да видите дали има заглавена хартија. Доколку е
неопходно, отстранете ја заглавената хартија и
наместете ја хартијата правилно. Откако ќе завршите,
затворете го капакот и држачот ќе продолжи да
функционира нормално.
ЧЕКОР ШЕСТ
Прилагодувања
1. Системот гПрилагодлива должина на хартија" на
држачот enMotion (Adjustable Sheet Length - ASL)
овозможува прилагодување на должината на
хартијата. Системот ASL се наоѓа во внатрешниот дел
на куќиштето од десната страна, веднаш до сензорот.
Располага со следниве големини:
• Прилагодување налево - „S", кратко парче хартија
(максимален број на бришење раце);
• Прилагодување во средина - „М", просечно парче
хартија (оптимален капацитет на бришење раце);
• Прилагодување надесно - „L", долго парче хартија
(најголема можна хартија).
Забелешка: системот ASL е фабрички поставен на
опцијата „L". За да го промените ова, лоцирајте ASL во
внатрешниот дел на куќиштето, од десната страна,
веднаш до сензорот.
2. Системот гПрилагодливо време на застој" на држачот
enMotion (Adjustable Time Delay -ATD) овозможува
хартијата да се подава во различни временски
интервали откако една хартија ќе се тргне
од држачот. Располага со следниве прилагодувања:
• Прилагодување налево – краток застој
• Прилагодување во средина – просечен застој
• Прилагодување надесно – долг застој
Забелешка: системот ATD е наместен на краток застој. За
да го промените ова, лоцирајте ATD во внатрешниот дел
на куќиштето, од десната страна, веднаш до сензорот.
3. Системот гПрилагодливо подавање на хартија" на
држачот enMotion (Adjustable Dispense Mode Range -
ADMR) овозможува прилагодување на начинот на кој
му се подава хартијата на крајниот корисник.
На располагање се следниве опции:
• гРежим на барање" ("ODM" - On-Demand Mode)
(хартијата ќе се појави од внатрешноста откако
корисникот ќе го активира сензорот)
• гРежим на висење" ("HM" - Hang Mode) (хартијата
е секогаш видлива. Откако ќе скинете една,
веднаш се појавува друга).
Забелешка: системот ADMR е наместен на гРежим на
барање". За да го смените ова, лоцирајте го системот
ADMR во внатрешниот дел на куќиштето, од десната
страна, веднаш до сензорот.

Publicidad

loading