Bosch Professional GAS 35 L AFC Manual Original página 181

Ocultar thumbs Ver también para Professional GAS 35 L AFC:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 31
Монтажа
Извлечете го приклучокот од конекторот, пред
u
одржувањето или чистењето на всисувачот, пред
регулирање на поставките на уредот, замена на
деловите или тргање настрана. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на всисувачот.
Монтирање на држач за цревото за всисување
(види слика A)
– Вметнете го држачот (5) за цревото за всисување
цврсто од горе во предвидените прифати за тоа (30),
додека не се вклопи.
Монтирање на црево за всисување (види
слика B)
– Поставете го цревото за всисување (21) на прифатот
за црево (2) и свртете го во насока на стрелките на
часовникот до крај.
Напомена: При всисувањето, поради триењето на правта
во цревото и опремата за всисување настанува
електростатичко полнење, што корисникот го чувствува
во форма на статичко празнење (во зависност од
влијанијата на околината и телесната чувствителност).
Во основа, Bosch препорачува антистатичко црево за
всисување (опрема) при всисување на ситна прав и суви
материјали.
Монтирање на опремата за всисување (види
слика C)
Цревото за всисување (21) е опремено со систем со
стеги, со којшто може да се приклучи опремата за
всисување (адаптер за всисување (20), свиткана
млазница (22)).
Монтирање на млазниците и цевките
– Ставете ја свитканата млазница (22) на цревото за
всисување (21), додека не слушнете да се вклопат
двете копчиња на притискање (31) на цревото за
всисување.
– Потоа прицврстете ја саканата опрема за всисување
(подна млазница, млазница за фуги, цевка за
всисување итн.) на заоблената млазница (22).
– За демонтирање, притиснете на двете копчиња на
притискање (31) навнатре и извлечете ги деловите
еден од друг.
Монтирање на адаптерот за всисување
– Ставете го адаптерот за всисување (20) на цревото за
всисување (21), додека двете копчиња на притискање
(31) не слушнете да се вклопат на цревото за
всисување.
– За демонтирање, притиснете на двете копчиња на
притискање (31) навнатре и извлечете ги деловите
еден од друг.
Bosch Power Tools
Ставање/вадење на вреќичката за отпад или
ќесата за прав (всисување на суви материи)
(види слики D1–D2)
За всисување на суви материи можете да користите
вреќичка за отпад (23) или ќеса за прав (опрема) во
садот (1). Со тоа се олеснува складирањето на правта.
Напомена: Доколку користите хартиена филтер
вреќичка мора, а при користење на платнена филтер
вреќичка треба да го исклучите автоматското чистење на
филтерот (AFC) .
Вметнување на вреќичката за отпад
– Отворете ги затворачите (11) и извадете го горниот
дел на всисувачот (10).
– Ставете ја вреќичката за отпад (23) со отворот за
полнење нанапред во садот (1).
– Навлечете го отворот за полнење на приклучната
прирабница до крај.
– Проверете дали вреќичката за отпад (23) целосно
лежи на внатрешните ѕидови на садот (1).
– Наместете го остатокот од вреќичката за отпад (23)
над површината на садот (1).
– Вметнете го горниот дел на всисувачот (10) и
затворете ги затворачите (11).
Извадете ја вреќичката за отпад и затворете
– Отворете ги затворачите (11) и извадете го горниот
дел на всисувачот (10).
– Извлечете ја полната вреќичка за отпад (23) од
приклучната прирабница наназад.
– Внимателно извадете ја вреќичката за отпад (23) од
садот (1) без да ја оштетите.
Внимавајте на тоа, вреќичката за отпад да не стрчи на
приклучната прирабница или на другите остри
предмети.
– Извлечете го поклопецот со лепливи ленти и залепете
ја вреќичката за отпад.
Потоа прикачете ја вреќичката за отпад (23) под
отворот за полнење со извадениот поклопец со
лепливи ленти.
Менување/вметнување на ќесата за прав (опрема)
– Отворете ги затворачите (11) и извадете го горниот
дел на всисувачот (10).
– Извлечете ја полната ќеса за прав наназад од
приклучната прирабница. Затворете го отворот на
ќесата за прав со затворање на капакот. Извадете ја
затворената ќеса за прав од садот (1).
– Наместете ја новата ќеса за прав на приклучната
прирабница на всисувачот. Проверете дали ќесата за
прав по целата должина налегнува на внатрешниот ѕид
од садот(1).
– Вметнете го горниот дел на всисувачот (10) и
затворете ги затворачите (11).
Македонски | 181
1 609 92A 73J | (12.11.2021)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Gas 35 l afc professional3 601 jc3 2

Tabla de contenido