Всисување на влажни материи
Со всисувачот не всисувајте запаливи или
u
експлозивни течности, на пр. бензин, масло,
алкохол, средства за растворање. Не всисувајте
жешка, запалива или експлозивна прав. Не го
користете всисувачот во простории каде постои
опасност од експлозија. Правта, пареата или
течностите може да се запалат или да експлодираат.
Всисувачот не смее да се користи како водена
u
пумпа. Всисувачот е наменет за всисување на
мешавини од воздух и вода.
Напомена: Барањето за степен на пропустливост (класа
на прав L) е утврдено само за всисување на суви
материјали.
Работни чекори пред всисување на влажни материи
– По потреба отстранете ја вреќичката за отпад (23) или
ќесата за прав.
Напомена: За полесно отстранување, при всисување на
мешавина од вода и цврсти материјали, користете водена
филтер вреќичка (опрема), која ќе ја одвои водата од
цврстите материјали.
– Поставете ја гумената лента (26) во подната млазница
(28).
– Исклучете го автоматското чистење на филтерот
(AFC).
Всисување на течности
– За да го вклучите всисувачот прекинувачот за
избирање на режим на работа (6) поставете го на
ознаката „Всисување".
Всисувачот е опремен со сензори за ниво на наполнетост
(35). Доколку се достигне максималното ниво на
наполнетост, всисувачот се исклучува. Прекинувачот за
избор на начинот на работа (6) поставете го на ознаката
„Исклучување".
Напомена: При всисување на неспроводливи материјали
(на пр. емулзија настаната при дупчење)всисувачот нема
да се исклучи и при полн контејнер. Состојбата на
наполнетост мора постојано да се проверува и
контејнерот навреме да се празни.
– За да го исклучите всисувачот, поставете го
прекинувачот за избирање на режим на работа (6) на
ознаката „Исклучување".
– Испразнете го садот (1).
За да се избегне создавање на мувла по всисување на
влажни материи:
– Извадете го набраниот филтер (24) и оставете го
добро да се исуши.
– Извадете го горниот дел на всисувачот (10), отворете
го поклопецот на филтерот (34) и оставете ги добро да
се осушат.
Автоматско чистење на филтерот (види слика
H)
Доколку е вклучено автоматското вклучување на
филтерот (AFC = Automatic Filter Cleaning) набраниот
Bosch Power Tools
филтер (24) ќе се чисти на секои 15 секунди со
воздушен млаз (пулсирачки звук).
Подоцна, откако јачината на всисување ќе се намали,
мора да се активира чистењето на филтерот.
Со редовно чистење на филтерот се зголемува рокот на
траење на филтерот.
За да се постигне идеален рок на употреба на филтерот,
деактивирајте го чистењето на филтерот само во
исклучителни случаи: на пр. при всисување на чисти
течности или при користење на хартиена филтер
вреќичка.
Доколку набраниот филтер е извалкан на површината, тој
сепак е целосно функционален. Рачно чистење на
набраниот филтер со тропање или издувување не е
потребно и може да го исчисти филтерот.
Напомена: Автоматското чистење на филтерот е
фабрички вклучено.
Вклучувањето/исклучувањето на автоматското чистење
на филтерот е возможно само доколку уредот е вклучен.
– AFC деактивиран
Притиснете го AFC-копчето (3).
Контролната LED светилка (33) се гаси.
– AFC активиран
Притиснете го AFC-копчето (3).
Контролната LED светилка (33) свети зелено.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Извлечете го приклучокот од конекторот, пред
u
одржувањето или чистењето на всисувачот, пред
регулирање на поставките на уредот, замена на
деловите или тргање настрана. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на всисувачот.
Одржувајте ја чистотата на всисувачот и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
При сервис и чистење на всисувачот користете
u
маска за заштита од прав.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
За одржување од страна на корисникот, всисувачот мора
да се демонтира, да се исчисти и одржува, доколку е
изводливо, без да предизвика опасност за персоналот кој
го одржува и другите лица. Пред демонтажата,
всисувачот треба да се исчисти за да се избегнат
евентуалните опасности. Просторијата во која ќе се
демонтира всисувачот, мора да биде добро проветрена.
За време на одржувањето носете лична заштитна
опрема. По одржувањето, исчистете го просторот каде
сте работеле.
Најмалку еднаш годишно потребно е да се изврши
техничка проверка од страна на производителот или
Македонски | 183
1 609 92A 73J | (12.11.2021)