OBJ_BUCH-1600-004.book Page 310 Wednesday, June 10, 2015 11:25 AM
310 | Македонски
Монтирање на листот за пилата
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Ставете го новиот лист за пила на внатрешната стезна
прирабница 51.
При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
запците (правецот на стрелката на листот за пилата)
да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитната хауба!
– Поставете ја стезната прирабница 50 и шрафот 49.
Притиснете ја блокадата на вретеното 21 додека не се
вклопи и зацврстете го шрафот во правец спротивен на
стрелките на часовникот.
– Притиснете ја осцилаторната заштитна хауба 5
нанапред и надолу, додека соодветниот отвор 36 не
посегне повторно под завртката за прицврстување 48.
Притоа евентуално ќе морате кракот на алатот да го
држите за рачката, за да се подеси преднапонот на
осцилаторната заштитна хауба.
– Притиснете на лостот 22 и навалете ја осцилаторната
заштитна хауба 5 нагоре до крај.
Држете ја осцилаторната заштитна хауба во оваа
позиција.
– Затегнете ја завртката за прицврстување 48 и повторно
навалете ја осцилаторната заштитна хауба надолу.
Употреба
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Транспортен осигурувач (види слика D)
Транспортниот осигурувач 20 Ви овозможува лесно
ракување на електричниот апарат при транспорт на
различни места на примена.
Отклучување на електричниот апарат (работна
позиција)
– Притиснете ја рачката на апаратот на дршката 4 надолу,
за да го отклучите транспортниот осигурувач 20.
– Притоа, целосно извлечете го транспортниот
осигурувач на надвор 20.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Прицврстување на електричниот апарат (позиција за
транспорт)
– Притиснете на лостот 22 и истовремено навалувајте го
кракот на алатот на рачката 4 надолу додека
транспортниот осигурувач 20 не се притисне сосема
навнатре.
Сега кракот на алатот е безбедно блокиран за транспорт.
Подготовка за работа
Продолжување на масата за пилата (види слика E)
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на
слободниот крај или да се прицврстат.
1 609 92A 1CJ | (10.6.15)
Масата за пила може да се зголеми на десната и левата
страна со помош на продолжетоците 15.
– Преклопете го затегнувачкиот лост 14 нагоре.
– Извлечете го продолжетокот на масата за пила 15 до
саканата должина.
– За фиксирање на продолжетокот на масата за пила
повторно притиснете го затегнувачкиот лост 14 надолу.
Поместување на граничната водилка (види слика F)
При вертикални агли на закосување мора да ја поместите
подесливата гранична водилка 18.
– Свртете го затегнувачкиот лост 41 нанапред.
– Целосно извлечете ја граничната водилка 18 нанадвор.
– За фиксирање на подесливата гранична водилка
повторно притиснете го затегнувачкиот лост 41
наназад.
Вадење на подесливата гранична водилка
(види слика G)
При екстремно вертикални агли на закосување мора
целосно да ја извадите подесливата гранична водилка 18.
– Свртете го завршниот лим 52 нанадвор.
– Свртете го затегнувачкиот лост 41 нанапред.
– Целосно извлечете ја граничната водилка 18 нанадвор.
– Подигнете ја подесливата гранична водилка нагоре.
Поместување на дистанцерите-граничници
(види слики H1–H2)
За да може да сечете парчиња со висина над 75 mm,
дистанцерите-граничници мора да се поместат нанапред
од двете страни.
– Извлечете ги дистанцерите-граничници 7 нагоре од
подесливата граничната водилка 18 (лево) и од
граничната водилка 6 (десно).
– Повторно ставете ги дистанцерите-граничници 7 со
задниот жлеб и ставете ги до крај во граничниците 18 и
6.
Мора да слушнете како се вклопуваат дистанцерите-
граничници.
Дистанцерите-граничници мора секогаш да стојат во една
линија еден кон друг, за да се постигне права површина на
налегнување за делот што се обработува.
Прицврстување на делот што се обработува
(види слика I)
За овозможување на оптимална работна безбедност,
секогаш мора добро да го прицврстите делот што се
обработува.
Не обработувајте мали парчиња, кои се премали за добро
да се зацврстат.
– Притиснете го делот што се обработува спроти
граничната водилка 6.
– Вметнете ја столарската стега 40 во отворите
предвидени за таа намена 42.
– Олабавете ја пеперутка-завртката 54 и подесете ја
столарската стега на делот што се обработува.
Повторно зацврстете ја пеперутка-завртката.
– Зацврстете го делот што се обработува со вртење на
прачката со навој 53.
Bosch Power Tools