Транспортен Осигурувач (Види Слика A) - Bosch GCM 18V-305 GDC Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GCM 18V-305 GDC Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 66
408 | Македонски
– Поврзете го со цревото за всисување на прав со
адаптерот за всисување (25).
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Чистење на адаптерот за всисување
Заради обезбедување на оптимално всисување,
адаптерот за всисување (25) мора редовно да се чисти.
– Извлечете го адаптерот за всисување (25) со вртење
од исфрлувачот на струготини (23).
– Отстранете ги искршените делови од работниот дел и
струготините.
– Повторно притиснете го адаптерот за всисување со
вртење во исфрлувачот на струготини, додека не се
вклопи преку затегнувачкиот прстен на исфрлувачот
на струготини.
Замена на сечилото за пила (види слика
c1−c4)
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
При ставањето на сечилото за пила носете заштитни
u
ракавици. Доколку го допрете сечилото за пила
постои опасност од повреда.
Употребувајте само сечила за пила, чија максимално
дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи
на вашиот електричен алат.
Користете само сечила за пила, кои одговараат на
наведените податоци во ова упатство за употреба или се
проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
Користете само сечила за пила, што се препорачани од
производителот на овој електричен алат и се погодни за
материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе
спречи прекумерно загревање на запците на пилата за
време на сечењето.
Вадење на сечилото за пила
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Навалете го осцилаторниот заштитен капак (5)
наназад и во оваа позиција.
– Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна
глава (53) со клучот со внатрешна шестаголна глава
(6 mm) (17) и истовремено притиснете ја блокадата на
вретеното (52) додека не се вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното (52) и
одвртете ја завртката со внатрешна шестаголна
глава (53) во правец на стрелките на часовникот (лев
навој!).
– Извадете ја стезната прирабница (54).
– Извадете го сечилото за пилата (43).
1 609 92A 5HG | (09.12.2020)
– Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак
надолу.
Монтирање на сечилото за пила
При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
u
запците (правецот на стрелката на сечилото за
пила) да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитниот капак!
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Навалете го осцилаторниот заштитен капак (5)
наназад и држете го во оваа позиција.
– Ставете го новото сечило за пила на внатрешната
стезна прирабница (55).
– Поставете ги стезната прирабница (54) и завртката со
внатрешна шестаголна глава (53). Притиснете ја
блокадата на вретеното (52) додека не се вклопи и
затегнете ја завртката со внатрешна шестаголна глава
во правец спротивен на стрелките на часовникот.
– Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак
надолу.
Употреба
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Транспортен осигурувач (види слика A)
Транспортниот осигурувач (34) Ви овозможува лесно
ракување со електричниот алат при транспорт на
различни места на примена.
Отклучување на електричниот алат (работна
позиција)
– Притиснете ја надолу рачката на алатот (33) за
дршката (1), за да го ослободи транспортниот
осигурувач (34).
– Притоа, целосно извлечете го нанадвор транспортниот
осигурувач (34).
– Полека водете ја лизгачката рачка (33) нагоре.
Прицврстување на електричниот алат (позиција за
транспорт)
– Притиснете ја лизгачката рачка (33) целосно наназад
и фиксирајте ја во оваа позиција.
– Водете ја лизгачката рачка надолу додека
транспортниот осигурувач (34) целосно не се
притисне навнатре.
Останати напомени: (види „Транспорт (види слика Z)",
Страница 416)
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

3 601 m43 0Professional gcm 18v-305 gdc

Tabla de contenido