Транспортен Осигурувач (Види Слика C) - Bosch GCO 14-24 J Professional Manual Original

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 29
182 | Македонски
употребата на рамна и стабилна работна површина
(на пр. работна клупа).
Монтажа на работна површина (види слика A)
– Зацврстете го електричниот алат со соодветни завртки
на работната површина. За тоа служат отворите (11).
Флексибилна инсталација (не се препорачува!)
Доколку, во поединечни случаи, не е возможно
електричниот алат да се монтира цврсто на работна
површина, може да ги монтирате ногарките на основната
плоча (13) на соодветна подлога (на пр. работна клупа,
рамен под), без да го зацврстувате електричниот алат.
Замена на брусна плоча за сечење (види
слики B1 − B2)
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Активирајте ја блокадата на вретеното (5) само
u
доколку вретеното на алатот е во состојба на
мирување (22). Инаку електричниот алат може да се
оштети.
Не ја фаќајте брусната плоча за сечење по
u
работата, додека не се олади. Брусната плоча за
сечење за време на работата се вжештува.
Користете само брусни плочи за сечење, кои одговараат
на наведените податоци во ова упатство за употреба или
се проверени според EN 12413 и се соодветно означени.
Со брусната плоча за сечење евентуално користете ги
испорачаните брусни плочи за сечење.
Неискористените брусни плочи за сечење ставете ги во
затворен сад или оригиналното пакување. Складирајте ја
брусната плоча за сечење во лежечка положба.
Демонтирање на брусната плоча за сечење
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Навалете го заштитниот капак со повратен механизам
(4) до крај наназад.
– Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава
(25) со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна
глава (12) и истовремено притиснете ја блокадата за
вретеното (5), додека не се вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното и
одвртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава
(25).
– Извадете ја подлошката (24) и стезната прирабница
(23).
– Извадете ја брусната плоча за сечење (6).
Монтирање на брусната плоча за сечење
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Новата брусна плоча за сечење ставете ја во вретеното
на алатот (22), така што налепницата ќе покажува
настрана од рачката на алатот.
– Поставете ја стезната прирабница (23), подлошката
(24) и завртката со внатрешна шестаголна глава (25).
1 609 92A 5UH | (05.10.2020)
Притиснете ја блокадата на вретеното (5) додека не се
вклопи и повторно зацврстете ја завртката со
шестаголна глава (25) во правец на стрелките на
часовникот. (Вртежен момент на затегнување околу
18–20 Nm)
– Полека водете го надолу осцилаторниот заштитен
капак (4), додека не се покрие брусната плоча за
сечење.
– Проверете дали осцилаторниот заштитен капак (4)
правилно функционира.
По монтажата на брусната плоча за сечење, пред
вклучувањето, проверете дали брусната плоча за сечење
е точно монтирана и дали може слободно да се врти.
– Проверете дали брусната плоча за сечење стрчи на
осцилаторниот заштитен капак (4), на фиксираниот
заштитен капак (20) или на другите делови.
– Активирајте го електричниот алат за околу 30 секунди.
Доколку се појават значителни вибрации, веднаш
исклучете го електричниот алат и одново демонтирајте
ја и монтирајте ја брусната плоча за сечење.
Употреба
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Транспортен осигурувач (види слика C)
Транспортниот осигурувач (17) Ви овозможува лесно
ракување со електричниот алат при транспорт на
различни места на примена.
Отклучување на електричниот алат (работна
позиција)
– Притиснете ја надолу дршката на рачката на алатот (3),
за да го ослободи транспортниот осигурувач (17).
– Притоа, целосно извлечете го нанадвор транспортниот
осигурувач (17).
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Напомена: При работењето внимавајте на тоа,
транспортниот осигурувач да не е притиснат навнатре,
инаку рачката на алатот нема да може да се навали на
саканата длабочина.
Прицврстување на електричниот алат (позиција за
транспорт)
– Водете ја рачката на алатот надолу додека
транспортниот осигурувач (17) целосно не се
притисне навнатре.
Останати напомени за транспорт (види „Транспорт",
Страница 184).
Подесување на хоризонталниот агол на
закосување (види слика D)
Хоризонталниот агол на закосување може да се постави
во граници од 0° до 45°.
Важните вредности за подесување се означени со
соодветните ознаки на аголниот граничник (7).
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido