206 | Македонски
– Ставете ги кариките од ланецот на тркалото за ланец
(3) и поставете го ножот (17) на завртките за
прицврстување (10).
– Проверете сите делови да легнат на своето место и
држете го ланецот и плочата во оваа положба.
– Потоа завртете го тркалото за затегнатост (19) во
насоката на чаовникот, додека ланецот е делумно
затегнат и стои на ножот.
– Вратете го капачето (25) и завретете го копчето за
заклучување (24) во насока на стрелките на
часовникот додека капакот делумно не легне.
– Вртете го навојот за затегање на ланецот (23) во
насока на стрелките на часовникот додека не се
постигне точната затегнатост на ланецот. При
подесување на затегнатоста на ланецот со прстенот
внимавајте да (23) го држите цврсто копчето за
блокирање (24) за да не се сврти и да се затегне
премногу рано.
– Синџирот на пилата (18) е правилно затегнат, откако
истиот може да се подигне во средината за околу
2-3 mm. Ова се проверува такашто со една рака се
подига ланецот наспроти тежината на пилата.
– Штом се постигне точната напнатост, држете го цврсто
прстенот (23) за затегнување на ланецот и свртете го
копчето за заклучување (24) во насока на стрелките
на часовникот.
– Ако ланецот е премногу затегнат, одвртете го копчето
за заклучување (24) и повторете ги чекорите за
затегнување.
– Запчестиот механизам на системот ѕа ѕатегнување го
спречува олабавувањето на ланецот. Ако прстенот на
затегнување на ланецот (23) е тешко да се сврти,
олабавете го копчето за заклучување (24) спротивно
од стрелките на часовникот.
Ракување
Додека работи, ланецот на пилата, преку млазницата за
уље (7) автоматски се подмачкува со лепливо масло за
ланецот.
Пилата не се продава наполнета со уље за ланецот.
Неопходно е да ја наполните моторната пила со уље за
ланец пред да ја стартувате.
Важно е да се употребуваат само биоразградливи мазива
за ланци (според RAL-UZ48), да се избегнат оштетувања
на ланецот.
Препорачаното биоразградливо масло од моторна пила
од Bosch може да се најде во додатоците.
За да го наполните резервоарот за уље, постапете на
следниов начин: (види слика C1)
– Потавете ја пилата на соодветна површина со капачето
на резервоарот за масло (20) свртен нагоре.
– Со крпа исчистете го делот околу капачето (20) и
одвртете го капачето.
– Наполнете го резерварот за масло со
биоразградливото Бош-масло за ланци на пили, толку
F 016 L94 197 | (17.11.2021)
што нивото на маслото се гледа низ прозорчето за
масло (21).
– За време на работата, можете да го проверите нивото
на маслото преку прозорецот (21) за инспекција на
маслото и, кога ќе се достигне минималното ниво,
дополнете со ново масло.
Вклучување/исклучување (види слика C2)
Повлечете ја заштитната рачка за активација на
u
заштитата од повратен удар (5) од позиција ➋ на
позиција ➊ кон предната рачка (4). Ако заштитната
рачка за активација на заштитата од повратен удар
(5) не е вклучена, кочницата не се деактивира пред
уотреба и пилата не стартува.
За да ја активирате повратната сопирачкат,
u
секогаш лизгајте го рачниот штитник / рачката
напред во деактивирана положба после секоја
употреба.
– Отстранете ја батеријата (26).
– Држете ја моторната пила како што во деталната слика
е C3 опишано на изолираните површини за држење.
– Повлечете ја рачката за активирање на сопирачката
(5) наназад кон предната рачка.
– За пуштање во погон на уредот притиснете ја прво
блокадата (22) па потоа прекинувачот за вклучување
(2) и држете го притиснат. Кога машината работи,
сигурносното копче може да се пушти.
– За да го исклучите, електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2).
– Таа Кочница со повратен удар е заштитен механизам
што се активира преку рачниот зглоб со помош на
полугата кај штитникот за предната рака (5) за
активирање на повратната кочница кога моторната
пила удира наназад. Ланецот веднаш се закочува. Ова
го намалува ризикот од повреди при повратен удар.
Обидете се да избегнете повратен удар.
– Редовно притискајте ја рачката за активирање на
сопирачката за удар (5) напред за време на работата
за да ја тестирате функцијата на сопирачката за удар.
Прекинете со работа веднаш ако моторната пила не
запре веднаш.
Забелешка: Не стопирајте ја пилата со притискање на
заштитата од повратен (5) удар.
Проверете го подмачкувањето (види слика
C4)
– Навалете ја моторната пила така што ланецот на
ланецот е 20 см од подот преку парче хартија.
– Вклучете ја моторната пила и оставете ја да работи
околу 1 минута додека не видите прскање на маслото
на листот хартија. Ова ви овозможува да проверите
дали маслото се извлекува преку системот за
автоматско подмачкување.
Забелешка: Употребата на пилата без соодветно масло
или со масло под линијата за минимално ниво ќе
резултира со оштетување на пилата.
Bosch Power Tools