Descargar Imprimir esta página

Ferm MSM1038 Manual Original página 113

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 35
f) Стегнете го работното парче. Парчето стегајте
го со стеги, ова е многу побезбедно отколку со
рака.
g) Не ја одложувајте машината пред целосно да
се сопре.
h) Не користете пили од брзорезен челик (HSS).
Листот може лесно да се скрши.
i) Никогаш не користете истапени, испукани,
свиткани или оштетени листови. Пред
користење извлечете го кабелот од струја
и проверете го листот. Оштетените или
истапените листови произведуваат тесен
жлеб, претераното триење, виткање
и повратен удар. Веднаш заменете ги
оштетените листови, секогаш користете
оригинални прирабници, навртки и/или
завртки.
j) Отстранете ги клучевите за дотерување пред
да го вклучите алатот. Клучевите кои ќе ги
допрат ротирачките делови на електричниот
алат може да предизвикаат повреди.
k) Стрелката означена на листот, која ја
покажува насоката на ротацијата, мора да
е насочена исто со стрелката на машината,
запците мора да се свртени надолу, од
предната страна на пилата.
l) Не го допирајте листот после работа, пред
да се излади. Листот станува жежок додека
работи.
m) Заштитете ја пилата од удари. Не
применувајате страничен притисок врз листот.
n) Не го форсирајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за
работата која ја изведувате. Соодветниот
електричен алат ќе ја заврши работата
подобро и побезбедно. Може да дојде до
сериозни повреди кога врвот на алатот е
свртен на горе. Секогаш имајте дополнително
потпирање за поголема стабилност на
машината.
p) Машината е опремена со уреди за
приклучување на одведувач на прашина,
осигурајте се дека тие се поврзани и
соодветно се користат. Собирникот
за прашина ја намалува опасноста од
прашината.
q) Одржувајте ги отворите за воздух. Прашината
мора да се отстрани.
r) Проверете ја исправноста на браниците и
дали слободно се движат. Браникот никогаш
да не го забравувате кога ќе се отвори.
s) Не ги отстранувајте отпадоците од резната
област додека машината работи. Секогаш да
ја вратите конзолата на алатот, во неутрална
положба, а потоа да ја исклучите машината.
t) Поставете го листот врз работно парче, само
кога машината е вклучена. Во спротивно
постои ризик од повратен удар, кога листот ќе
се заглави во работното парче.
u) Ако листот се заглави. Исклучете ја машината
и држете го работното парче додека листот не
се сопре.
v) За да се спречи повратен удар. Работното
парче не може да се помести, додека
машината не запре. Отстранете ја
причината за заглавувањето на листот пред
рестартирање на машината.
w) При профилно сечење, кружни или други
парчиња, делот притиснете го врз потпирачот
за да не се поместува, со што нема да се
подига или врти додека сечете.
x) Никогаш не сечете многу мали парчиња,
кои не можат безбедно да се стегнат. Мали
парчиња од дрво или други предмети ако го
допрат ротирачкиот лист, можат да летнат со
голема брзина.
y) Кога сечете секогаш користете дополнително
потпирање.
z) За сечење на големо парче кое не е потпрено.
Користете дополнително потпирање.
aa) Никогаш не ги правете непрепознатливи
знаците за предупредување. Техничките
информации или информациите за типот на
машина секогаш треба да се видливи.
На крајот од сечењето, држете ја машината со
главата надолу, исклучете ја и почекајте додека
сите подвижни делови не се сопрат пред да ги
тргнете рацете од нејзе.
3. МОНТИРАЊЕ НА ПРИБОР
Поставување на пилата за косо сечење
Поставете странична летва (21) од десната
страна и друга, од левата страна на
машината.
Поставете стега за работно парче (7) на
левата или на десната страна од машината.
Држете ја рачката и поместете ја пилата
полека надолу, а потоа повлечете ја малку
чивијата (5), така пилата да се задвижи нагоре.
113

Publicidad

loading