Дотерување на наклонети агли
Сл. 1 и 3
Наклонетиот агол може да се постави помеѓу
0° и 45°.
•
Отстегнете ја рачката за забравување (9).
•
Свртете ја пилата со помош на рачката,
додека индикаторот за агол (14) не го
покаже потребниот агол.
•
Стегнете ја рачката за забравување (9).
Менување на јаглени четкички
Сл. 2
•
Исклучете ја машината од напојувањето.
•
Одвртете ги двата капаци (4) од предната и
задната страна на куќиштето на моторот.
•
Заменете ги јаглените четкички со точен тип
на четкички.
•
Повторно стегнете го капакот (4). Забелешка:
Менувајте ги четкичките истовремено,
никогаш не користете комбинација од стари и
нови четкички.
Монтажа на вреќа за прашина
Сл. 1
Притиснете ја стегата за вреќата за прашина
(13) и лизгајте ја до отворот на задниот дел на
машината.
Вреќата ќе остане на место кога ќе ја
ослободите стегата.
4. РАКУВАЊЕ
Користење на пилата за косо сечење
Сл. 1
Пред користење, секогаш проверете
откази или дефекти!
•
Поставете го потребниот агол.
•
Вклучете во струја.
•
Стегнете работно парче со помош на стега (7):
уверете се дека материјалот е добро стегнат!
•
Држете го материјалот цврсто на левата
страна и обезбедете сигурно растојание од
листот .
•
Вклучете ја машината со прекинувачот (1).
•
Нека листот достигне полна брзина пред да
го допрете работното парче.
•
Користете ја рачката (3) за подигање на
забравникот на заштитниот капак.
•
Потоа спуштете ја пилата полека, додека
листот не го исече парчето и не помине низ
жлебот на масата. Не ја притискајте пилата.
Дајте ѝ време на машината да го исече
парчето.
•
Донесете ја машината нежно во горна
положба и исклучете ја со опуштањето на
прекинувачот (1).
Користење на лизгачка функција
Сл. 1
Машината мора да биде цврсто
зашрафена врз работна маса.
Користете ја лизгачката функција за сечење на
широки парчиња:
•
Стегнете работно парче со помош на стега.
•
Отстегнете ја рачката (12).
•
Лизгајте ја машината кон вас, до крај.
•
Вклучете ја машината со прекинувачот.
•
Спуштајте ја полека пилата, додека не го
пресече парчето.
•
Турнете ја машината полека назад.
•
Донесете ја машината во горна положба и
исклучете ја со опуштањето на прекинувачот
(1).
Користење на ласерот
Сл. 2
•
За вклучување на ласерот, притиснете го on/
off прекинувачот 2.
•
За ислучување на ласерот, отпуштете го on/
off прекинувачот 2.
5. СЕРВИС И ОДРЖУВАЊЕ
Машината не смее да е поврзана на
електрична мрежа кога ја одржувате.
Влечни шини
Нечистотијата може да ги оштети влечните
шини и со тоа и машината.
•
Редовно чистете го куќиштето со мекана
крпа.
•
Ставете малку средство за подмачкување
врз влечните шини.
•
Поместете ја косата пила нанапред и
наназад за да се разлее маслото преку
шините.
115