Anleitung_BG_PP_1950_N_SPK7:_
MK
Внимание!
При употребата на апарати мора да се почитуваат
неколку безбедносни мерки заради спречување
на повреди и штети. Затоа ве молиме внимателно
прочитајте ги ова Упатство за
употреба/Безбедносни упатства. Сочувајте ги
добро овие документи, за да ви стојат
информациите на располагање во секое време.
Доколку го предавате апаратот на други лица, ве
молиме дајте им го и ова Упатство за
употреба/Безбедносни упатства. Ние не
преземаме одговорност за незгоди или штети,
кои настанале како резултат на непочитување на
ова упатство и на безбедносните упатства.
1. Безбедносни упатства
Внимание!
Кај неподвижни води, градинарски барички и
езерца и мали езерца за пливање и во нивна
околина дозволена е употребата на овој
апарат само со заштитен прекинувач за
погрешна струја и со номинална струја до 30
mA (според VDE 0100 дел 702 и 738).
Овој апарат не е погоден за базени, рамни и
плитки базени од секаков тип и други води,
во кои можат да се наоѓаат луѓе или животни
за време на работата на апаратот.
Работењето на апаратот за време на
присуство на луѓе или животни во опасното
подрачје не е дозволено. Прашајте го вашиот
електричар!
Внимание!
Оваа пумпа смее да работи само на уреден
штекер со заштитен контакт.
Пумпи со 3 m мрежен вод се дозволени само
за работа во внатрешноста на објекти. Пумпи
со 10 m мрежен вод најмалку H05RN-F се
пропишани за работа надвор од објекти.
Пред секаков вид активности за одржување
извадете го утикачот.
Доколку кабелот на пумпата или утикачот се
оштетени, кабелот не смее да се поправа!
Пумпата повеќе не смее да се користи.
Во секој случај избегнувајте пумпање на
агресивни течности како и на абразивни
(подмачкувачки) материи.
Никогаш не ја закачувајте пумпата да виси
слободно на водот под притисок или на вод
што води струја.
Заштитете ја пумпата од замрзнување.
38
22.09.2009
15:19 Uhr
Seite 38
Потребно е пристапот на деца да биде
спречен преку соодветни мерки.
Не е дозволена употребата на водови во
мрежи, продолжни или приклучни водови и
адаптери без заштитен котанкт.
Водот за мрежен приклучок на овој апарат не
може да биде заменет. При оштетување на
водот, апаратот да се фрли во ѓубре.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Прочитајте ги сите безбедносни упатства и
инструкции.
Заборавање на почитувањето на безбедносните
упатства и на инструкциите можат да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или
тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и
инструкции за во иднина.
2. Опис на уредот (слика 1a/1b)
1. Пумпа
2. Рачка за носење
3. Капак за филтер
4. Биоцел-филтерна влошка
5. Фонтански елемент
6. Степенест фонтански елемент
7. Елемент за испуштање пена
8. Поврзувачка цевка
9. Поврзувачки елемент со жлебен приклучок
10. Споен муф
3. Употреба согласно намената
Моќна универзална пумпа со мотор под вода за
трајна употреба во градинарски водни површини.
Мотор што не користи масло
Херметички статор излеан во леана смола
Перманент-магнет ротор поплавен со вода
Овој апараат смее да се употребува само според
неговата намена. Секаква употреба надвор од тој
домен не соодветствува на намената. За штети и
повреди од секаков вид предизвикани од таквата
употреба одговара корисникот/операторот, а не
производителот.
Ве молиме имајте предвид дека нашите уреди,
согласно намената, не се конструирани за
комерцијална, занаетчиска или индустриска
употреба. Не преземаме гаранција, ако уредот се
употребува во комерцијални, занаетчиски или
индустриски претпријатија како и кај
еквивалентни активности.