Ferm TCM1011 Traducción Del Manual Original página 48

Ocultar thumbs Ver también para TCM1011:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 20
прирабницата (1,сл. 2). Сметајте на
насоката на ротација која е наведена на
листот. Прицврстете ја прирабницата (3, сл. 2).
Стегнете ја навртката (4, сл. 2) и браникот
за прскање.
Проверете да не сте оставиле алат во
браникот за прскање.
5. СЕРВИС И ОДРЖУВАЊЕ
Уверете се дека машината е
исклучена кога го одржувате
моторот.
Оваа машина е конструирана да работи долг
период со минимално одржување.
Непрекинатото успешно работење зависи од
грижата на машината и редовното чистење.
Чистење
Чувајте ги чисти отворите за вентилација за да
се спречи прегревање на моторот.
Редовно чистете го куќиштето со мекана крпа,
по можност после секое користење. Чувајте ги
отворите за вентилација чисти, без прашина.
Ако нечистотијата не се вади, употребете
мекана крпа навлажнета со вода со сапуница.
Никогаш не користете растворувачи како
бензин, алкохол, амонијчна вода итн..
Овие растворувачи можат да ги оштетат
пластичните делови.
Исчистете го алатот веднаш после користење.
Извлечете го кабелот од струја.
Извадете го резервоарот за вода и
истурете ја валканата вода.
Одвртете го браникот за прскање и
исчистете го.
Одвртете ја ѕвездестата рачка, склопете ја
масата и исполирајте ја внатрешноста на
машината.
48
Машината е во согласност со сите тековни
безбедносни прописи. Поправките може да се
прават само од страна на овластена компанија,
бидејќи поправањето од неквалификувани
лица може да предизвика повреди на
корисникот и присутните. Редовно проверувајте
го приклучокот и кабелот и ако се оштетени да
се заменет од страна на овластена компанија.
Проверувајте ги и продолжните кабли.
Оштетени браници и прекинувачи мора да се
заменат пред користење на машината.
Подмачкување
Машината не треба дополнително да се
подмачкува.
Откази
Ако се случи отказ, нпр. поради трошење на
дел, обратете се на адресата на сервисот од
гарантната картичка. На позадината на
упатствово ќе најдете експозиционен преглед
со прикажани делови кои можат да се
нарачаат.
Животна средина
За да се спречи оштетување за време на
транспортот, уредот се испорачува во тврдо
пакување кое се состои од материјал за
еднократна употреба. Затоа ве молиме да ги
користите опциите за рециклирање на
амбалажата. Дефектни и/или отфрлени
електрични или електронски апарати треба да
се собираат на соодветни локации за
рециклирање.
Само за земји од ЕУ
Не ги депонирајте алатите во домашен отпад.
Според Европското Упатство 2012/19/ EU за
отпадна електрична и електронска опрема и
неговата имплементација во националното
право, електричните алати кои веќе не се
употребливи мораат да се собираат одделно и
да се отстрануваат на еколошки начин.
Гаранција
Гарантните условите се дадени во посебна
гарантна картичка.

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido