лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Заштитен капак (види слики G и H)
Монтирајте го заштитниот капак (9), пред да го
приклучите електричниот алат на всисувач за прашина.
Ставете го заштитниот капак (9) на електричниот алат на
тој начин што ќе се вклопат двата надворешни држачи во
процепите на куќиштето.
Извадете го заштитниот капак (9) за работење без
всисувач за прашина како и за сечење под агол. За тоа
притиснете го капакот на висина на надворешните
држачи и извлечете го нанапред.
Приклучување на всисувач за прав (види слика I)
Вметнете го адаптерот за всисување (22) (опрема) на
црево за всисување (23) (опрема), така што ќе се слушне
кога ќе се вклопи. Поврзете го адаптерот за
всисување (22) со млазниците за всисување (6) на
електричниот алат и цревото за всисување (23) со
всисувач (опрема).
Прегледот за приклучување на различните видови на
всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
За оптимално всисување, по можност поставете ја
заштитата од кинење (20).
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Употреба
Начини на работа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Bosch Power Tools
Подесување на осцилации
Осцилациите што се подесуваат на четири нивоа
овозможуваат оптимално прилагодување на брзината,
капацитетот и сликата на сечење на материјалот што се
обработува.
Со рачката за подесување (8) можете да ги поставите
осцилациите и за време на работата.
нема осцилации
мали осцилации
средни осцилации
големи осцилации
Оптималниот степен на осцилирање за односната
примена може да се одреди со практичен обид. Притоа
важат следните препораки:
– Доколку го изберете степенот на осцилирање што
помал одн. целосно го исклучите, толку ќе биде
подобар и почист исечениот раб.
– При обработка на тенки материјали (на пр. лимови)
исклучете го осцилирањето.
– Кај тврди материјали (на пр. челик) работете со мало
осцилирање.
– Кај меки материјали и при сечење на дрво може да се
работи со максимално осцилирање.
Подесување на аголот на закосување (види слика J)
Основната плоча (7) може да се навали кон десно или
кон лево за сечење под агол до 45°.
Заштитниот капак (9) и заштитата од кинење (20) не
можат да се вметнат при сечење со закосување.
– Извадете ги заштитниот капак (9), заштитата од
кинење (20) и лизгачката папуча (19).
– Извадете го депото за сечило за пила (18) од
основната плоча (7).
– Олабавете ја завртката (25) и притиснете ја основната
плоча (7) лесно во правец на мерните млазници (6).
– За подесување на прецизен агол на закосување,
основната плоча од десната и левата страна има точки
за вклопување на 0°, 22,5° и 45°. Навалете ја
основната плоча (7) согласно скалата (24) во саканата
позиција. Другите агли на косо сечење може да се
подесат со помош на агломер.
– Потоа притиснете ја основната плоча (7) до крај во
правец на сечилото за пила (11).
– Повторно затегнете ја завртката (25).
Контрола на линијата на сечење кај сечење со
закосување (види слика K)
За контролата на линиите на сечење на контролниот
прозорец за Cut Control (12) има ознака (26) за
правоаголниот засек со 0° и по една ознака (27) за аголот
на закосување со 45° кон десно и кон лево соодветно на
скалата (24).
Ознака за сечење за аголот на закосување меѓу 0° и 45°
се пресметува пропорционално. Таа може дополнително
да се нанесе на контролниот прозорец за Cut Control
Македонски | 185
1 609 92A 5Y0 | (27.05.2021)