Skil F0151035 Serie Manual Original página 102

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 37
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
• Носете заштита за ушите (изложеност на тие звуци
и бука, може да доведе фо трајно оштетување на
слухот)
• Користете ги страничните дршки кои се
испорачуваат заедно со машината (губењето на
контрола може да доведе до повреди)
• Држете го алатот за изолираните површини за
зафаќање кога извршувате работа при која што
дополнителната опрема за сечење може да
дојде во контакт со сокриените жици или со
кабелот (ако дополнителната опрема за сечење
дојдат во контакт со жица под напон може да ги
електрифицираат металните делови на алатот и да
предизвикаат електричен удар на операторот)
• Кабелот секогаш држете го подалеку од деловите на
алатот кои се движат
• Во случај да дојде до електричен или механички
дфект, веднаш исклучете го алатот и исклучете го од
приклучокот
• Ако кабелот се оштети или пресече за време на
работата, веднаш исклучете го и не го допирајте
• Во случај на ненадејна блокада на бургијата, со
создавање на повратни сили кај алатот, веднаш
треба да го исклучите алатот
• Внимавајте на создадените сили кај алатот, за време
на блокадата (особено при дупчење метал); алатот
секогаш да се држи за страничната дршка H 2 и
да се завземе сигурен став
ПО УПОТРЕБА
• Кога ќе ја завршите работата со алатот, исклучете го
моторот и проверете дали сите подвижни делови се
застанати
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
5 Не фрлајте го алатот заедно со другиот отпад од
домаќинството
УПОТРЕБА
• Вклучено/Исклучено 6
• Блокирање на прекинувачот за постојана употреба
7
• Контрола на максималната брзина 8
Со тркалото C максималната брзина може да се
приспособи од ниска до висока (1-6)
• Подесување на режимот за работа 9
! подесувањето на режимот на работа се врши
само кога алатот е исклучен и приклучокот е
изваден од струја
- притиснете го копчето D за да откочите
прекинувачот E
- најпрво подесете го прекинувачот E на саканиот
режим додека не кликне во положбата
- потоа подесете го прекинувачот F на саканиот
режим
1 = нормално дупчење/навртување
2 = вибрациско дупчење
3 = длабење
! почнете со работа само ако прекинувачот E е
заклучен
- при дупчење во дрво, метал и пластика, како и
навртување, користете соодветен адаптер
(погледнете: Совети за примена)
- механизмот со чеканот се активира со благ
притисок на алатот, додека сврделот се наоѓа во
допир со материјалот кој се обработува
- треба малку време додека механизмот со чеканот
не достигне целосна моќност за удирање
- не притискајте премногу со алатот; дозволете тој
сам да работи
• Промена на бургиите 0
! исчистете го и намачкајте го SDS+ приборот со
масло пред да го вметнете
- повлечете ја главата за стегање G 2 наназад и
вметнете го приборот во SDS+ главата, вртете ја и
туркајте го приборот додека не го затегнете;
приборот сам се затегнува автоматски
- повлечете го приборот за да проверите дали е
цврсто стегнат
- извадете го приборот, така што ќе а повлечете
наназад главата за стегање G
! SDS+ приборот бара неограничена слобода на
движењето, која предизвикува ексцентрична
работа со алатот во празен од; за време на
работата, таа сама се центрира; ова нема
влијание врз прецизноста на дупчењето на
отворот
! не употребувајте оштетени бургии/длета
• Безбедносен механизам
За време на блокадата на приборот, се прекинува и
работата на вретенното
- веднаш исклучете го алатот
- отстранете го блокираниот прибор
- одново вклучете го алатот
• Приспособување на длабочината на дупчењето !
• Држење и насочување на алатот @
! додека работите, секогаш држете го алатот за
местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја
- алатот секогаш држете го за страничната
дршка H 2 (може да се приспособува, како на
цртежот)
- отворите за ладење J 2 држете ги отворени
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
• Користете соодветни бургии #
! употребувајте само остри бургии/длета
• При дупчење во дрво, метал и пластика, како и
навртување, употребувајте соодветен адаптерот
(SKIL прибор 2610395660) $
- исчистте го и намачкајте го адаптерот со масло
пред да го вметнете
- повлечете ја главата за стегање G 2 наназад и
вметнете го адаптерот во SDS+ главата, вртете ја
и притискајте го адаптерот додека не го стегнете;
адаптерот сам се затегнува автоматски
- повлечете го адаптерот за да проверите дали е
цврсто стегнат
- подесете го прекинувачот E 2 за нормално
дупчење (подесувањето се врши само кога
алатот е исклучен и приклучокот е изваден од
струја)
102

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

1035

Tabla de contenido