Вклучување (види слика K)
– За ставање во употреба притиснете го прекинувачот
за вклучување/исклучување (31) и држете го
притиснат.
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот
за вклучување/исклучување (31) не се блокира, туку
мора постојано да се држи притиснат за време на
работата.
Само со притискање на лостот за блокада (13), рачката
на алатот може да се води надолу.
– За сечење, дополнително кон активирањето на
прекинувачот за вклучување/исклучување (31) мора
да го притиснете лостот за блокада (13).
Исклучување
– За исклучување отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (31).
Ограничување на стартната струја
Електронското ограничување на стартната струја ја
ограничува јачината на струјата при вклучување на
електричниот алат и овозможува работа на осигурувач од
16‑A.
Напомена: Доколку електричниот алат стартува веднаш
по вклучувањето со полн број на вртежи,
ограничувањето на стартната струја не работи.
Електричниот алат мора веднаш да се испрати во
сервисната служба. Адреси: Сервисна служба и совети
при користење.
Совети при работењето
Општи напомени за сечење
Секогаш затегнувајте ги копчето за
u
фиксирање (21) и затезниот лост (7)пред
сечењето. Инаку сечилото за пила може да се заглави
во делот што се обработува.
При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека
u
сечилото за пила во ниеден момент нема да ја
допре граничната водилка, столарските стеги или
другите делови на уредот. Извадете го евентуално
монтираниот помошен граничник или соодветно
подесете го.
Заштитете го сечилото за пила од удари. Не го
изложувајте сечилото за пила на страничен притисок.
Сечете само материјали, кои се дозволени за наменската
употреба.
Не обработувајте искривени делови. Делот што се
обработува мора да има секогаш прав раб за
поставување на граничната водилка.
Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се
потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.
Проверете дали осцилаторната заштитна хауба може
правилно да функционира и дали може слободно да се
движи. Кога ја водите рачката на алатот надолу, мора да
го отворите осцилаторниот заштитен капак. Кога го
водите рачката на алатот нагоре, осцилаторниот заштитен
Bosch Power Tools
капак мора да се затвори преку сечилото за пила и да се
фиксира во најгорната позиција на кракот на алатот.
Означување на линијата за сечење (види слика L)
Двата ласерски зрака Ви ја покажуваат ширината на
сечење на сечилото за пила. Притоа, делот што се
обработува може точно да го позиционирате за сечење,
без да го отворате осцилаторниот заштитен капак.
– Вклучете ги ласерските зраци со прекинувачот (32).
– Израмнете ја Вашата ознака на делот за обработка
помеѓу двете ласерски линии.
Напомена: Пред сечењето, проверете дали ширината на
сечење е точно прикажана Подесување на ласерот.
Ласерските зраци може да се поместат на пр. со
вибрации при интензивна употреба.
Позиција на корисникот (види слика M)
Не застанувајте во една линија со сечилото за пила
u
пред електричниот алат, туку секогаш странично од
сечилото за пила. На тој начин, Вашето тело е
заштитено од можен повратен удар.
– Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од
ротирачкото сечило за пила.
– Не ги прекрстувајте дланките пред рачката на алатот.
Дозволени димензии на делот што се обработува
Максимални делови за обработка:
Хоризонтален
Вертикален агол
агол на
на закосување
закосување
0°
0°
45°
0°
0°
45° (лево)
0°
45° (десно)
45°
45° (лево)
45°
45° (десно)
A) со вертикален дистанцер-граничник (53) (види слика N)
B) со хоризонтален дистанцер-граничник (54) (види слика N)
Минимални делови за обработка ( = сите делови за
обработка, што може да се затегнат со испорачаната
столарска стега (38) лево или десно од сечилото за
пила):
100 mm x 100 mm (должина x ширина)
Максимална длабочина на резот (0°/0°):
– 89 mm
– 100 mm (со вертикален дистанцер-граничник (53))
Максимална ширина на резот (0°/0°):
– 320 mm
– 350 mm (со хоризонтален дистанцер-граничник (54))
Менување на плочата за вметнување (види слика O)
Црвените плочи за вметнување (19) може да го истрошат
електричниот алат по подолга употреба.
Заменете ја дефектната плоча за вметнување.
Македонски | 341
Висина x ширина
[mm]
89 x 320
A)
100 x 250
60 x 350
B)
89 x 226
50 x 320
30 x 320
50 x 226
30 x 226
1 609 92A 5UA | (06.10.2020)