Bosch GCM 350-254 Professional Manual Original página 343

Ocultar thumbs Ver también para GCM 350-254 Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 57
Подесување на ласерот
Напомена: За тестирање на функцијата на ласерот,
електричниот алат треба да биде приклучен на
напојување со струја.
Никогаш не го активирајте прекинувачот за
u
вклучување/исклучување за време на
подесувањето на ласерот (на пр. при движење на
рачката на алатот). Невнимателниот старт на
електричниот алат може да доведе до повреди.
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (18) до жлебот (25) за 0°.
Лостот (22) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверка (види слика S1)
– На делот што се обработува нацртајте права линија за
сечење.
– Притиснете го лостот за блокада (13) и рачката на
алатот водете ја полека надолу со дршката (12).
– Делот што се обработува поставете го на тој начин што
запците од сечилото за пила ќе се израмнат со
линијата за сечење.
– Цврсто држете го делот што се обработува во оваа
позиција и водете ја рачката на алатот полека нагоре.
– Прицврстете го делот за обработка.
– Вклучете ги ласерските зраци со прекинувачот (32).
Ласерските зраци мора по целата должина од левата и
десната страна да бидат на исто растојание од означената
линија на сечење на делот за обработка, дури и кога
кракот на алатот се поместува надолу.
Подесување на прецизноста (види слика S2)
1. Подесување на десниот ласерски зрак:
– Свртете ја завртката за подесување (59) со клучот со
внатрешна шестаголна глава (60) додека десниот
ласерски зрак не налегне на целокупната должина на
означената линија на сечење на делот што се
обработува.
Притоа исто така се движи и левиот ласерски зрак.
Едно вртење во правец спротивен на стрелките на
часовникот го движи ласерскиот зрак од лево на десно, а
вртењето во правец на стрелките на часовникот го движи
ласерскиот зрак од десно на лево.
2. Подесување на левиот ласерски зрак:
– Свртете ја левата завртка за подесување (61) со
клучот со внатрешна шестаголна глава (60) додека
левиот ласерски зрак не го постигне истото растојание
до означената линија на сечење на делот што се
обработува како и десниот ласерски зрак.
Едно вртење во правец спротивен на стрелките на
часовникот го движи ласерскиот зрак од лево на десно, а
вртењето во правец на стрелките на часовникот го движи
ласерскиот зрак од десно на лево.
Подесување на паралелноста (види слика S3)
– Извадете ги четирите завртки (62) од капакот за
заштита на ласерот (14) со крстест одвртувач.
Напомена: За да дојдете до предните завртки на
Bosch Power Tools
капакот за заштита на ласерот, мора да го навалите
осцилаторниот заштитен капак (15) наназад.
– Извадете го заштитното капаче на ласерот (14).
– Олабавете ја завртката за прицврстување (63) (околу
1–2 вртења) со клуч со внатрешна шестаголна глава
(60). Не ја одвртувајте целосно завртката.
– Поместете ја монтажната плоча на ласерот налево или
надесно, додека ласерските зраци не дојдат
паралелно по целата должина на исцртаната линија за
сечење на делот за обработка.
– Држете ја монтажната плоча на ласерот во оваа
позиција и повторно затегнете ја завртката за
прицврстување (63).
– По поставувањето, одново проверете ја прецизноста
на линијата на сечење. Доколку е потребно, израмнете
ги уште еднаш ласерските зраци со завртките за
подесување (59)/(61).
– Повторно прицврстете го заштитното капаче на
ласерот (14).
Поставување на страничното отстапување при
движење на рачката на алатот (види слика S4)
– Извадете ги четирите завртки (62) од капакот за
заштита на ласерот (14) со крстест одвртувач.
Напомена: За да дојдете до предните завртки на
капакот за заштита на ласерот, мора да го навалите
осцилаторниот заштитен капак (15) наназад.
– Олабавете ги двете завртки за прицврстување (64)
(околу 1–2 вртења) со клуч со внатрешна шестаголна
глава (60).
Не ги одвртувајте целосно завртките.
– Поместете го куќиштето на ласерот налево или
надесно, додека ласерските зраци, при движење
надолу на кракот на алатот, повеќе не отстапуваат
странично.
– По поставувањето, одново проверете ја прецизноста
на линијата на сечење. Доколку е потребно, израмнете
ги уште еднаш ласерските зраци со завртките за
подесување (59)/(61).
– Држете го куќиштето на ласерот во оваа позиција и
повторно затегнете ги завртките за прицврстување
(64).
– Повторно прицврстете го заштитното капаче на
ласерот (14).
Проверка и подесување на основните
поставки
За гарантирање на прецизни резови мора да ги
проверите основните поставки по интензивно користење
на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води
прецизно и доверливо.
Македонски | 343
1 609 92A 5UA | (06.10.2020)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido