Начини На Работа; Процес На Мерење - Bosch D-tect 120 Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para D-tect 120 Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 25
OBJ_BUCH-2149-001.book Page 126 Wednesday, March 26, 2014 5:19 PM
126 | Македонски
Вклучување/исклучување на сигналниот тон
Со копчето Сигнален тон 5
може да го вклучите и
исклучите сигналниот тон. При исклучен сигнален тон, на
екранот 3 се појавува приказот c.
Функционалност (види слика B)
Со мерниот уред се истражува подлогата во полето на
сензорот 14 во мерниот правец A. Се препознаваат
објекти, коишто се разликуваат од материјалот на ѕидот.
Движете го мерниот уред постојано со лесен притисок над
подлогата, без да го подигате или да го менувате
притисокот. Мерниот уред може да се движи во саканиот
правец B.
Начини на работа
Штом се исклучи мерниот уред, може да менувате помеѓу
повеќе режими на работа.
Со изборот на режим на работа, може да го прилагодите
мерниот уред на различни ѕидни материјали и по потреба
да ги скриете несаканите објекти.
Доколку не Ви е познат ѕидниот материјал, треба да
започнете со универзален режим.
Избраниот режим на работа се препознава на осветленото
копче.
Универзален (претходно поставен)
Режимот на работа „Универзален" е наменет
за повеќето употреби за ѕидни конструкции.
Се прикажуваат метални објекти, пластични
цевки со вода како и електрични спроводници
и кабли. Можно е да не се прикажат шуплини
во цигли или празни пластични цевки со
дијаметар помал од 2 см. Максималната
длабочина на мерење изнесува 6 см.
Бетон
Режимот на работа „Бетон" е специјално
наменет за користење во армиран бетон. Се
прикажуваат армирачко железо, метални
цевки, пластични цевки со вода како и
електрични спроводници и кабли.
Максималната длабочина на мерење изнесува
12 см.
Сувоградба
Режимот на работа „Сувоградба" е наменет за
пронаоѓање на дрвени греди, метални шипки
и електрични спроводници и кабли во ѕидови
од материјали за сува градба (дрво, гипс итн.).
Пластичните цевки со вода исто така ќе се
прикажат. Во принцип, празните пластични
цевки не се препознаваат. Максималната
длабочина на мерење изнесува 6 см.
Процес на мерење
Лоцирање на објекти
Поставете го мерниот уред на површината којашто треба
да се провери.
2 609 141 143 | (26.3.14)
Доколку при поставувањето, веднаш под мерниот уред
постои некој објект, LED-сијаличката свети со доволна
јачина на сигналот 2 црвено, приказот на мерењето h
отчукува и се слуша сигнален тон.
Доколку при поставувањето на мерниот уред не е
препознаен некој објект, на екранот се појавува приказот
за процес j
и LED-сијаличките 2 светат жолто.
Движете го мерниот уред над површината без да го
подигате додека приказот за процес j не исчезне. Потоа
LED-сијаличката 2 свети зелено на местата, кадешто
мерниот уред не препознал објект.
Доколку мерниот уред се приближи до некој објект, се
зголемуваат отчукувањата на приказот за мерење h и LED-
сијаличката 2 свети црвено. Отчукувањата се намалуваат,
доколку мерниот уред се оддалечува од некој објект.
Кај мали или длабоко поставени објекти, LED-сијаличката
2 продолжува да свети жолто и сигналниот тон
престанува.
Одредување на средината на објектот
Доколку се препознае објект, LED-сијаличката свети 2
црвено и при доволна јачина на сигналот се прикажуваат
стрелките за ориентација k за одредување на средината на
објектот. За точно да ја лоцирате средината на објектот,
движете го мерниот уред во правец на стрелките за
ориентација k.
Иако стрелките за ориентација не се прикажуваат, сепак
може да постои некој објект во непосредна близина.
Над средината на објектот, приказот на мерењето h
покажува максимално отчукување, LED-сијаличката 2
свети црвено и при доволна јачина на сигналот се
прикажува централниот крст i. За уште попрецизно
одредување на средината на објектот, внимавајте на
квадратот, којшто се прикажува со доволна јачина на
сигналот во непосредна близина на средината на објектот,
дополнително кон централниот крст i.
Пошироките објекти во подлогата се препознаваат со
континуирано, зголемено отчукување на приказот за
мерење h. LED-сијаличката 2 свети црвено.
 Секогаш внимавајте на сите сигнали на мерниот уред
(LED-сијаличка, приказ на мерење, стрелки за
ориентација).
Пред да дупчите во ѕид, сечете или глодате, треба да се
заштитите од опасности и со помош на други извори на
информации. Бидејќи на мерните резултати може да
влијаат околните влијанија или составот на ѕидот, можна е
опасност, иако приказот не покажува објект во полето на
сензорот (не се слуша сигнален тон и LED-сијаличката 2
свети зелено).
Струен кабел
Доколку се пронајде струен спроводник, на екранот
дополнително се појавува 3 приказот a
сијаличката 2 трепка црвено и сигналниот тон се слуша со
побрз след на тонови.
Напомени:
Струјните спроводници се прикажуваат во секој режим на
работа.
. LED-
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido