Решавање Проблеми - Skil 0710 Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para 0710:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 43
• Подавање конец $
- потчукнете го копчето F внимателно од земјата (на
цврст терен, ако е можно) додека работи моторот
- двата конци за сечење ќе се ослободат и отсечат
за да се поправи должината на сечивото G
! проверете дали црвениот капак D 2 е изваден
од сечивото за сечење на конецот пред да го
користите алатот
! внимавајте да не се повредите од сечивото за
сечење на конецот G
- по подавање конец, секогаш вратете го алатот во
нормална положба за работа пред да го вклучите
- подавајте конец редовно за да се одржи
комплетен циклус на сечење
- кога моторот работи без оптеретување и не се
коси трева, ако конецот е потрошен или скинат;
намотајте го калемот или заменете го системот со
калемот
• Мотање на калемот %
Во случај кога конецот нема да излезе од главата со
калемот H
! исклучете го алатот и извадете го од
приклучокот
- извадете го системот со калемот и извадете го
калемот од главата H
- цврсто намотајте ги двата конци за косење
рамномерно во слоеви во правец на стрелката
- вметнете ги двата конци во отворите на калемот Х
и проверете дали се поставени безбедно на место
(оставете доволно должина на конецот)
- протнете ги двата конци низ отворите на калемот
Y пред да го ставите намотаниот калем во главата
за калемот H
! проверете дали калемот е цврсто поставен во
лежиштето и потоа пуштете ги двата конци од
отворите Х со цврсто повлекување
- поставете го системот со калемот на алатот
(вртете го калемот во правецот на стрелките
на часовникот додека не кликне на своето
место) ^
• Замена на системот со калемот ^
! исклучете го алатот и извадете го од
приклучокот
- едноставно извадете/поставете стар/нов систем
со калем како што е прикажано
- користете само системи со калеми на SKIL
- 2610Z01354 со овој алат (оштетувањето заради
употреба на други калеми ја отфрла
гаранцијата)
- откако ќе го смените системот со калемот,
вклучете го пробно алатот најмалку една минута
без оптоварување за да проверите дали работи
правилно
! обезбедете машината да биде исклучена кога
ќе ја приклучувате во струја
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
• Овој алат не е наменет за професионална употреба
• Секогаш исклучете го приклучокот од извор на
струја пред чистење и/или одржување
• Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти
(особено отворите за ладење)
- чистете ја машината со влажна крпа (не користете
средства за чистење или растворувачи)
- исчистете ги сечивото за сечење на конецот G 2
и штитникот A 2 по секоја употреба
- чистете ги отворите за вентилација J 2 редовно,
со четка или компресиран воздух
• Редовно проверувајте ја состојбата на главата за
сечење и затегнатоста на завртките, навртките и
шрафовите
• Редовно проверувајте дали деловите се оштетени
или изабени и поправете/заменете ги ако е
неопходно
• Чување &
- чувајте ја машината во затворен простор на суво
и затворено место и подалеку од дофат на деца
- внимателно поставете ја шината за складирање K
на ѕид со 4 шрафа (не се доставуваат) и
порамнете хоризонтално
• Доколку алатот и покрај внимателното работење и
контрола некогаш откаже, поправката мора да ја
изврши некој овластен SKIL сервис за електрични
алати
- во случај на примедба, испратете го алатот
нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до
вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис
(адресите се наведени на www.skil.com)
РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
• Следниот список ги прикажува симптомите за
проблемите, можните причини и дејства за поправка
(контактирајте со продавачот или сервисерот ако
истите не го идентификуваат ниту решаваат
проблемот)
! исклучете ја машината и извадете го
приклучокот пред да го истражувате
проблемот
★ Машината не работи
- расипан штекер за напојување со ел. енергија ->
користете друг штекер
- продолжниот кабел е оштетен -> заменете го
продолжниот кабел
★ Машината работи со прекини
- оштетување на внатрешното поврзување ->
контактирајте со продавачот/ сервисерот
- оштетување на прекинувачот за вклучување/
исклучување -> контактирајте со продавачот/
сервисерот
★ Машината вибрира невообичаено
- тревата е многу висока -> сечете по фази
★ Машината не сече
- конецот е прекраток/скинат -> подајте конец
рачно
★ Конецот не се подава
- калемот е празен -> заменете го калемот
- конецот е заплеткан во калемот -> проверете го
калемот; намотајте го ако е неопходно
★ Конецот не се пресече на точната должина ->
извадете го капакот од сечивото
93

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido