Опис На Производот И Перформансите - Bosch GSC 18V-16 E Professional Manual Original

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 21
Безбедносни напомени за ножици за лим
Електричниот алат не е погоден за стационарна
u
употреба. Тој не смее на пр. да се прицврстува на
менгеме или на работна клупа.
Работете само со монтиран одбивач на струготини.
u
Внимавајте одбивачот на струготини да не е
оштетен или свиткан. Со работењето без одн. со
оштетен одбивач на струготини постои опасност од
повреда. Оштетениот одбивач на струготини веднаш
заменете го во овластената сервисна служба Bosch.
Носете заштитни ракавици при работата.
u
Внимавајте исечените делови од лимот да не ги
свиткате во правец на телото или струјниот кабел.
На исечените лимови се создаваат остри рабови, на
кои може да се повредите или да го оштетите струјниот
кабел. Доколку е потребно, тргнете ги свитливите
делови од лимот настрана од телото со заштитни
ракавици.
При оштетување и непрописна употреба на
u
батеријата може да излезе пареа. Батеријата може
да се запали или да експлодира. Внесете свеж
воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар.
Пареата може да ги надразни дишните патишта.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од
u
краток спој.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
u
како на пр. клинци или одвртувач или со
надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти
чад, да експлодира или да се прегрее.
Користете ја батеријата само во производи од
u
производителот. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и
краток спој.
Опис на производот и
перформансите
Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати
како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за сечење на лимови без
губење на струготини. Тој е наменет за прави и криви
резови.
Bosch Power Tools
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричниот алат на графичката страница.
a)
(1) Батерија
(2) Копче за отклучување на батерија
(3) Прекинувач за вклучување/исклучување
(4) Одбивач на струготини
(5) Рачка (изолирана површина на рачката)
(6) Завртка за прицврстување за горниот нож
(7) Горен нож
(8) Долен нож
(9) Завртка за подесување на долниот нож
(10) Завртка за прицврстување на долниот нож
a) Илустрираната или опишана опрема не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Батериски ножици за лим
Број на дел
Номинален напон
Број на работни одови во
празно n₀
Максимална дебелина на
B)
лимот за сечење
Најмал радиус на кривина
Тежина согласно EPTA-Pro-
cedure 01:2014
Препорачана околна
температура при полнење
Дозволена околна
D)
температура при полнење
и при складирање
Препорачани
акумулаторски батерии
Препорачани полначи
A) мерено при 20–25 °C со батерија GBA 18V 4.0Ah и зависно
од состојбата на наполнетост на батеријата како и
оперативната температура на уредот
B) се однесува на челични лимови до 400 N/mm
C) во зависност од употребената батерија
D) Ограничена јачина при температури <0 °C.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласно EN 62841‑2‑8.
Нивото на звучниот притисок на електричниот алат
оценето со А типично изнесува 77 dB(A). Несигурност
K = 3 dB. Нивото на звучниот притисок при работењето
Македонски | 133
a)
GSC 18V-16 E
3 601 J26 3..
V=
18
–1
A)
min
3200
mm
1,6
mm
20
C)
kg
2,0–3,0
°C
0 ... +35
°C
−20 ... +50
GBA 18V...
ProCORE18V...
GAL 18...
GAX 18...
GAL 36...
2
1 609 92A 7XM | (26.07.2022)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido