Совети При Работењето - Bosch EasyAquatak 100 Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para EasyAquatak 100:
Tabla de contenido

Publicidad

160 | Македонски
Вклучување
Монтирајте го доводното црево (не е вклучено со самата
машина) на славина и на уредот.
Осигурајте се дека прекинувачот е во положба „0" и
поврзете го уредот на струја.
Отворете ја славината.
Откочете го безбедносниот откочувач (на задната страна
од дршката на пиштолот) за да го ослободите чкрапалото.
Притиснете го чкрапалото и држете го така се додека
водата не протече непрекинато и додека се не истисне
целиот воздух од уредот и од високопритисното црево.
Пуштете го чкрапалото. Притиснете го безбедносниот
закочувач (на предната страна од дршката на пиштолот).
Свртете го главниот прекинувач. Насочете го пиштолот
надолу. Притиснете го безбедносниот закочувач за да го
откочите чкрапалото. Притиснете го чкрапалото до крај.
Аутостоп функција
Моторот на уредот автоматски се исклучува кога се
отпушта чкрапалото.
Совети при работењето
Општи упатства
Никогаш не употребувајте го ротирачкиот додаток или
u
точкастиот сноп за чистење на моторни возила.
Осигурајте се дека притисната пералка е на ниво со
подот.
Не тегнете го високопритисното црево и не влечете ја
високопритисната пералка за цревото. Во таков случај
пералката не е стабилна и може да се преврти.
Не газете го високопритсното црево и не возете преку
него. Заштитете го високопритисното црево од оштри
агли и рабови.
Совети за работа со детергенти
Користете само средства за чистење кои се
u
експлицитно соодветни за средства за чистење под
висок притисок.
Не користете нерастворени детергенти. Ваквите
u
производи се безбедни ако не содржат киселини,
алкали или материи опасни по животната средина.
Препорачуваме средствата за чистење да ги држите
вон дофат на деца. При контакт на детергентот со
очите, обилно исплакнете со вода и веднаш обратете
се кај лекар.
Применувајте ги упатствата за употреба, одложување
u
на отпад и безбедност коишто ги посочил
произведувачот.
Препорачуваме штедлива употреба на детергент, со цел
на заштита на животната средина. Прочитајте го
упатството за растворање на детергентот.
F 016 L94 123 | (22.11.2022)
Препорачан начин на чистење
Чекор 1: Монтирајте го додатокот за равен млаз и
отстранете ја крупната валканштина.
Cамо при EasyAquatak 110/120:
Чекор 2: Монтирајте го садот за детергент и ставете малку
детергент.
Чекор 3: Исплакнете ја сета валканштина и детергент со
додатокот за равен млаз.
Забелешка: Кога чистите вертикални површини, почнете
со нечистотијата/на дното и продолжете нагоре.
Плакнете одгоре надолу.
Користење на алтернативни извори на вода
Оваа машина за перење под притисок е само-
вшмукувачка, овозможувајќи водата да се црпи од
резервоари или природни извори. Многу е ВАЖНО Бош
филтерот да е исчистен, правилно вметнат и да се
употребува само чиста вода.
Отворени резервари и природни извори
Употребувајте го додатокот за самостојно дозирање, кој
се состои од:
– Влезна цедилка со неповратен вентил
– 3 м ојачано црево
– Универзална спојка за чистење под притисок
Со овој додаток високопритисната пералка може да црпи
вода од 0,5 м над нивото на водата. Ова може да трае 15
секунди.
Целосно потопете го трометражното црево во вода за да
излезе од него сиот воздух. Поврзете го трометражното
црево со високопритисната пералка и осигурајте се дека
влезната цедалка останува во вода.
Оставете ја високопритисната пералка да работи со
отстранет пиштол, се додека водата не почне
рамномерно да тече од високопритисното црево. Ако
после 25   секунди сеуште нема вода, згаснете го уредот и
проверете ги сите спојки. Ако водата тече, згаснете ја
високопритисната пералка и монтирајте ги копјето и
пиштолот за употреба.
Важно е цревото и спојките да се квалитетни, во добра
состојба, цврсто и правилно монтирани.
Неприцврстените спојки можат да предизвикаат лошо
функционирање.
Резервари со чешми
Ако високопритисната пералка се поврзува со
резервоарот преку чешма, прво монтирајте го
соодветното црево на чешмата од резерварот (не е
приложено). Отворете ја чешмата, пуштете да излезе
целиот воздух од цревото, па потоа поврзете го цревото
во високопритисната пералка.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Easyaquatak 110Easyaquatak 120

Tabla de contenido