Descargar Imprimir esta página

Skil 0280 Manual Original página 144

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 49
Ако е оштетена, однесете ја машината на
поправка пред да ја користите. Многу несреќи се
случуваат заради неодржувани машини.
f) Машините за сечење одржувајте ги остри и
чисти. Внимателно одржуваните машини за сечење
со остри ивици помалку ќе се заглавуваат и полесно
се контролираат.
g) Машината, дополнителната опрема, бургиите
итн., треба да ги користите според овие
упатства, земајќи ги во предвид работните
услови и работата која треба да се заврши.
Употребата на машината за работи што се поинакви
од нејзината намена може да доведе до опасна
ситуација.
h) Одржувајте ги дршките и површините за
фаќање суви, чисти и без масло и маст на нив.
Дршките и површините за држење што се лизгаат
не овозможуваат безбедно ракување и контрола на
машината во неочекувани ситуации.
5) КОРИСТЕЊЕ НА МАШИНА НА БАТЕРИИ И ГРИЖА
ЗА НЕА
a) Вршете полнење само со полначот што е
пропишан од страна на производителот. За
полначот кој е соодветен за еден вид на батерии,
постои опасност од пожар, доколку се употребува со
други батерии.
b) Користете ги машините само со посебно
назначени батерии. Користењето на било кои други
батерии може да доведе до опасност од повреда и
пожар.
c) Кога батериите не се користат, држете ги
настрана од метални предмети како што се
спајалици за хартија, парички, клучеви, клинци,
шрафови или други, мали метални предмети
кои можат да спојат еден пол со друг. Краткиот
спој на половите на батериите може да предизвика
изгореници или пожар.
d) Во услови на злоупотреба може да дојде до
исфрлање на течност од батеријата; избегнувајте
контакт. Ако дојде до случаен контакт, измијте го
местото со вода. Ако течноста дојде во контакт
со очите, дополнително побарајте и лекарска
помош. Течноста која истекува од батеријата може
да предизвика иритација или изгореници.
e) Не употребувајте комплет со батерии или
машина којашто е оштетена или изменета.
Оштетените или изменетите батерии можат да
реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар,
експлозија или опасност од повреда.
f) Не изложувајте го комплетот со батерии или
машината на оган или висока температура.
Изложувањето на оган или на температура над 130
°C може да предизвика експлозија.
g) Следете ги сите упатства за полнење и не
полнете го комплетот со батерии или машината
надвор од температурниот опсег наведен
во инструкциите. Неправилното полнење или
полнењето на температура што е надвор од
наведениот опсег, може да ја оштети батеријата и да
ја зголеми опасноста од пожар.
6) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Машината сервисирајте ја кај квалификувано
лице кое користи само идентични резервни
делови. Со ова се обезбедува безбедно одржување
на машината.
b) Никогаш не поправајте ги оштетените комплети
со батерии. Поправката на комплетите со батерии
треба да ја врши само производителот или некој
овластен сервис.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА
ПОТКАСТРУВАЧ СО ЖИЦА
Не користете ја машината во лоши временски
услови, особено кога постои ризик од
грмотевици. Така се намалува ризикот од удар од
гром.
Темелно проверете дали на површината на која
ќе ја користите машината има диви животни.
Машината за време на работата може да ги повреди
дивите животни.
Темелно проверете ја површината каде што
треба да се користи машината и отстранете
ги сите камења, стапови, жици, коски и други
туѓи предмети. Фрлените предмети може да
предизвикаат лична повреда.
Пред употреба на машината, секогаш визуелно
проверувајте дали секачот и склопот на секачот
се изабени или оштетени. Оштетените делови го
зголемуваат ризикот од повреда.
Пред употреба, проверете дали кабелот за
напојување и кој било продолжен кабел има
знаци на оштетување или стареење. Не користете
ја машината ако кабелот е оштетен или истрошен.
Ако кабелот е оштетен или изабен за време
на употребата, исклучете ја машината и не
допирајте го кабелот пред да го исклучите
од изворот на напојување. Оштетен кабел за
напојување или продолжен кабел може да доведе до
електричен удар, пожар и/или сериозна повреда.
Следете ги упатствата за замена на
дополнителната опрема. Неправилно затегнатите
навртки или завртки за прицврстување на сечилото
може или да го оштетат сечилото или да доведат до
негово одвојување.
Носете заштита за очите, ушите, главата и
рацете. Соодветната заштитна опрема ќе ја намали
личната повреда од летечки остатоци или од случаен
контакт со жицата за сечење или сечилото.
Додека ракувате со машината, секогаш носете
заштитни обувки кои не се лизгаат. Не ракувајте
со машината кога сте боси или кога носите отворени
сандали Ова ја намалува можноста за повреда на
стапалата од контакт со секачите или жиците што се
движат.
Секогаш носете долги панталони кога работите
со машината. Незаштитените делови на кожата
ја зголемуваат веројатноста за повреда од фрлени
предмети.
Држете ги децата и другите лица на растојание
додека ракувате со машина. Фрлениот отпад може
да предизвика сериозна лична повреда.
Секогаш користете ги двете раце кога ракувате
со машината. Држењето на машината со двете раце
ќе го спречи губењето на контролата.
Држете ја машината само за изолираните
површини за држење бидејќи жицата за сечење
или сечилото можат да дојдат во контакт со
144

Publicidad

loading