Descargar Imprimir esta página

Skil 0650 Manual Original página 172

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 57
Z
Ознака за минимална количина
AA Капаче на резервоарот за масло
AB Индикатор за нивото на батеријата
AC Испуст за масло
AD Симбол за правец на ротација и сечење
AE Копче за затегнување
AF Перки за наведување на лостот со синџирот
AG Запченик на погонот
AH Метална плоча
БЕЗБЕДНОСТ
ОПШТИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА
ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите
-
безбедносни предупредувања, упатства, слики
и спецификации што се обезбедуваат со овој
електричен алат. Непочитувањето на сите упатства
подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или
сериозна повреда.
Чувајте ги сите предупредувања и упатства за
понатамошно упатување.
Поимот "електричен алат", кој се користи во
понатамошниот текст, се однесува на вашиот
електричен алат (со приклучен кабел) и на електрични
алати со погон на батерии (без приклучен кабел).
1) БЕЗБЕДНОСТ НА РАБОТНОТО МЕСТО
a) Одржувајте го работното место чисто и добро
осветлено. Неуреден или темен работен простор
може да предизвикаат незгоди.
b) Немојте да работите со електрични алати во
средини во кои има опасност од експлозија,
како на пример во кои има запаливи течности,
гасови или прашина. Електричните алати
создаваат искри коишто може да запалат прашина
или испарувања.
c) Држете ги децата и другите лица подалеку
додека ракувате со електричен алат. Може
да изгубите контрола ако нешто ви го одзема
вниманието.
2) ЕЛЕКТРИЧНА СИГУРНОСТ
a) Приклучоците за електричниот алат мора да
одговараат на штекерот. Никогаш на никаков
начин не го менувајте приклучокот. Не користете
никакви адаптери за приклучоци со заземјени
електрични алати. Немодифицираните приклучоци
и соодветните штекери ќе ја намалат опасноста од
струен удар.
b) Избегнувајте допир на телото со заземјени
површини, како што се цевки, радијатори,
шпорети и фрижидери. Постои зголемена опасност
од струен удар, доколку Вашето тело е заземјено.
c) Чувајте ги електричните алати подалеку од дожд
и влага. Продирањето на вода во електричниот уред
ја зголемува опасноста од струен удар.
d) Немојте да го злоупотребувате кабелот за
напојување. Никогаш не го користете кабелот
за напојување за носење, влечење или
исклучување на електричниот алат. Чувајте го
кабелот за напојување подалеку од топлина, масло,
остри ивици или подвижни делови. Оштетените или
заплетканите кабли за напојување ја зголемуваат
опасноста од струен удар.
e) Кога го употребувате електричниот алат надвор,
користете продолжен кабел кој е соодветен за
употреба на отворен простор. Користењето на
кабел соодветен за работа на отворен простор ја
намалува опасноста од струен удар.
f) Доколку не може да се избегне работа со
електричниот алат во влажна средина, користете
заштитен уред што работи на резидуална струја
(РЦД). Употребата на РЦД ја намалува опасноста од
струен удар.
3) ЛИЧНА ЗАШТИТА
a) Бидете внимателни, внимавајте што правите
и постапувајте разумно додека работите со
електричниот алат. Никогаш не работете со
електричен алат ако сте уморни или под влијание на
дрога, алкохол или лекови. Момент на невнимание
при работење со електрични алати може да доведе
до сериозна лична повреда.
b) Носете лична заштитна опрема. Секогаш носете
заштитни очила. Носењето на заштитна опрема,
како што е маска за прашина, безбедносни обувки
кои не се лизгаат, заштитен шлем или штитници за
уши, употребени во соодветни услови, ја намалува
опасноста од лични повреди.
c) Спречете случајно вклучување. Осигурајте
се дека прекинувачот е на позицијата off
(исклучено) пред приклучувањето на изворот на
напојување и/или батерија, подигнувањето или
носењето на алатот. Носењето на електричниот
алат со вашиот прст на прекинувачот или
вклучување на електрични алати со прекинувачот
поставен на позиција on (приклучено) доведува до
несреќи.
d) Пред вклучување на електричниот алат
отстранете ги сите клучеви за подесување или
алати за навртување. Алатот или клучот кој се
наоѓа во ротациониот дел на уредот, може да доведе
до лична повреда.
e) Не посегнувајте преку одредена граница. Цело
време одржувајте правилен став и рамнотежа.
На тој начин можете подобро да го контролирате
електричниот алат во неочекувани ситуации.
f) Носете соодветна облека. Не носете широка
облека или накит. Чувајте ги косата и облеката
подалеку од подвижните делови. Широката облека,
накитот или долгата коса може да се зафатат во
подвижните делови.
g) Доколку се обезбедени уреди за приклучување
на апарати за вшмукување и собирање прашина,
осигурете се дека тие се приклучени и дека
се користат исправно. Користењето на уреди за
собирање прашина може да ја намали опасноста
поврзана со прашина.
h) Не дозволувајте искуството стекнато со честа
употреба на алатите да Ве направи спокојни и
да ги игнорирате безбедносните принципи при
нивното користење. Невнимателна активност може
да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
4) УПОТРЕБА НА ЕЛЕКТРИЧНИ АЛАТИ И ГРИЖА ЗА
172

Publicidad

loading