Descargar Imprimir esta página

Skil 0150 Manual Original página 97

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 35
ЛИЧНА ЗАШТИТА
Не работете со косилката кога сте боси или ако
носите отворени сандали; секогаш носете цврсти
чевли и долги пантолони
Избегнувајте да носите широка облека или облека
што има врвки или машни што висат
Запознајте се со контролите и со правилната
употреба на косилката
Никогаш не косете во непосредна близина на луѓе
(особено деца) и животни
Секогаш чувајте ги рацете и нозете подалеку од
ротирачките делови
Стојте секогаш настрана од испустот
Вклучувајте го моторот во согласност со упатството и
со стапалата што подалеку од сечивото
Работете со косилката само со одење (не трчајте)
Одржувајте соодветно растојание на закосени
терени и не косете на исклучително стрмни терени
Бидете исклучително внимателни кога косите
наназад или кога ја влечете косилката кон себе
Бидете претпазливи при прилагодувањето на
машината за да спречите заробување на прстите
помеѓу подвижните сечила и фиксните делови на
машината
ПРЕД УПОТРЕБА
Пред секоја употреба проверете го функционирањето
на алатот и во случај на неисправност однесете
го на поправка кај стручно лице; никогаш сами не
отварајте го алатот
Темелно проверете ја областа каде ќе се користи
косилката и отстранете ги сите цврсти предмети
што може да се зафатат и исфрлат со механизмот за
косење
Секогаш проверувајте дали механизмот за косење е
во добра работна состојба (заменете ги истрошените
или оштетените делови)
Одржувајте ги сите навртки, завртки и шрафови
цврсто затегнати за да обезбедите дека алатот е во
добра работна состојба
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
Косете само на дневно светло или со соодветно
вештачко осветлување
Не закосувајте ја машината кога го вклучувате
моторот освен ако таа мора да се закоси при работа
во висока трева (во тој случај не закосувајте ја
повеќе од неопходното и секогаш со делот што е
подалеку од операторот). Секогаш држете ги двете
раце во работната положба пред да ја вратите
машината на телото
Проверете дали сечивото е комплетно застанато
кога ја закосувате машината за да преминете
одредена површина што не е трева и кога ја носите
до и од областа за косење
Косете попреку на закосените терени (никога нагоре
и надолу)
Бидете исклучително внимателни кога го менувате
правецот на закосените терени
Никогаш не кревајте или не носете ја косилката
додека работи моторот
Никогаш не користете го уредот ако е оштетен
кабелот на рачката. Нека го замени квалификувано
лице
ПО УПОТРЕБА
Cекогаш оставајте го алатот да се олади пред да го
складирате
Чувајте ја машината во затворен простор на суво и
затворено место и подалеку од дофат на деца
- батеријата и алатот треба да се чуваат одделно
АКУМУЛАТОРСКА БАТЕРИЈА
Испорачаната батерија е делумно наполнета (за
да се обезбеди целосен капацитет на батеријата,
целосно наполнете ја батеријата во полначот на
батеријата пред да го употребите вашиот електричен
алат за првпат)
Користете ги исклучиво следниве батерии и
полначи со овој алат
- Батерија SKIL: BR1*31****
- Полнач SKIL: CR1*31****
Оштетената батерија не треба понатаму да се
користи туку да се замени
Не ја расклопувајте батеријата
Никогаш не ги изложувајте на дожд алатот/
батеријата
Дозволена температура на околината (алатка/
полнач/батерија):
- при полнење 0...+45°C
- при работа –20...+50°C
- при складирање –20...+50°C
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ
4 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
5 Во допир со оган батериите ќе експлодираат, затоа
не ги палете батериите од која било причина
6 Секогаш чувајте ги апаратот/полначот/батеријата во
просторија на температура пониска од 50°C
7 Не се ослободувајте од електични алати и батерии во
домашниот отпад
8 Внимавајте на острите сечила. Откако ќе се исклучи
алатот, сечилата продолжуваат да се вртат уште
неколку секунди. Исклучете го и отстранете го
безбедносното копче од алатот пред чистење/
одржување.
9 Обрнете внимание на ризикот од повреда што
може да го предизвика отфрлениот остаток од
косењето (присутните лица да стојат на безбедно
растојание од местото на работа)
q Носете заштитни очила и заштита за ушите
w Не изложувајте го алатот на дожд
УПОТРЕБА
Полнење на акумулаторска батерија
! прочитајте ги безбедносните предупредувања
и упатствата дадени со полначот
Индикатор за нивото на батеријата e
- притиснете на индикаторот за нивото на батеријата
Q за да се прикаже тековното ниво на батеријата
e a
! ако по притискање на копчето Q e b почне
да трепка индикаторот за најниско ниво на
батеријата, тогаш батеријата е празна
! кога ќе почне да трепка индикаторот за
нивоата на батеријата 2 по притискање на
копчето Q e c, батеријата не е во рамките на
дозволениот опсег за работна температура
Заштита на батеријата
Алатот наеднаш се исклучува или не може да се
вклучи, кога
- товарот е преголем --> отстранете го товарот и
почнете повторно
97

Publicidad

loading