Descargar Imprimir esta página

Milwaukee M18 FHSAG125XPDB Manual Original página 164

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 42
f) Бидете посебно внимателни при „Џебни засеци„ во
постоечки ѕидови или други подрачја каде што се нема
увид. Дискот што навлегува може да предизвика повратен удар
при сечење во гасоводи или водоводи, понатаму во електрични
водови или други објекти.
Специјални безбедносни упатства за мазнење со хартија
за шмирглање:
a) Не употребувајте прекудимензионирани листови за
мазнење. Следете ги податоците на производителот по однос
на големината на листот за мазнење. Листови за шмирглање
што зјаат надвор од подлогата за мазнење, можат да
предизвикаат повреди како и блокирање, кинење на листовите
или да доведат до повратен удар.
Специјални безбедносни упатства во врска со работата
со четките со жица:
a) Обратете внимание на тоа, дека челичната четка
и за време на вообичаената употреба губи парчиња
жица. Не ги преоптоварувајте жиците со премногу
висок притисок на притиснување. Парчиња жица кои што
се разлетуваат, би можеле многу лесно да продрат низ лесна
облека и/или кожата.
b) Доколку е препорачана заштитна капа, спречете да
дојде до можност за допир помеѓу заштитната капа и
четката со жица. Кај четките со подножје и за четкање може
да дојде до зголемување на нивниот дијаметар како резултат
на притисокот при допир и на центрифугалните сили.
Останати безбедносни и работни упатства
Секогаш проверувајте дали копчето за вретенасто
заклучување е целосно откочено пред да го вклучите алатот!
По користење на вретенастото заклучување за зацврстување
/ олабавување на абразивниот диск, можно е копчето да се
заглави во позицијата за заклучување.
При глодање на метал, се создаваат летечки искри. Погрижете
се луѓето да не бидат загрозени. Поради ризик од пожар,
запалливи матери не смеат да бидат лоцирани во близина
(зона на искрење). Не користете издув за прав.
Избегнувајте искри и прашина од брусењето да го погодат
телото.
Никогаш не посегнувајте во зоната на опасната работна
површина при вклучена машина.
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека
е машината работи.
Во случај на значителни вибрации или појава на други
неправилности веднаш исклучете ја машината со цел да ја
најдете причината за нив.
При екстремни услови (пр: фино глодање метали со вретено
или глодачко тркало со вулканизирани влакна), значително
загадување може да се насобере одвнатре на аголната
глодалка.
Не дозволувајте какви и да се метални делови да дојдат до
отворите за вентилација-ризик од куршлус!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од изгоретини! Дискот и
работниот дел ќе се вжештат при употребата. Носете ракавици
кога ги менувате дисковите или го допирате работниот дел.
Дланките нека ви бидат постојано настрана од делот што го
брусите.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За да избегнете опасноста од пожар, од
наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката,
заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и
во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои
содржат избелувачки супстанции, можат да предизвикаат
краток спој.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги
само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Користете исклучиво Систем M18 за полнење на батерии од
M18 систем. Не користете батерии од друг систем.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Аголната брусилка е наменета за брусење и сечење метални,
камени, бетонски и керамички материјали, како и пескарење и
чистење арматура со челична четка.
За работи со делење употребувајте ја заштитната капа од
програмата за прибор.
Во секој случај почитувајте ги упатствата напроизводителите
на приборот.
Eлектричното орудие е прикладно само за сува обработка.
На аголната брусилка треба да се прицврстат само соодветни
дискови за брусење или сечење и соодветни заштитници
(заштитник за брусење или заштитник за сечење), според
описот во делот со спецификации за производот од овој
прирачник. Аголната брусилка е наменета само за рачно
ракување; не треба да се монтира на дел од опремата или на
работната маса.
Не користете го производот на друг начин освен на начините за
кои е наменет.
РАБОТНИ УПАТСТВА
За алатите кои се наменати за опремување со шилесто тркало
за дупчење, осигурете се дека жицата во тркалото е доволно
долга за да ја прифати должината на вретеното.
Сечени и брусени плочи да се употребуваат и чуваат секогаш
према податоците на производителот.
Во случај на груба обработка и пресекување секогаш се работи
со заштитна капа.
На косо сечени листови за стружење мора да бидат монтирани
на тој начин што нивната површина за стружење нема да
излегува надвор од нивото на работ на заштитната хауба. 
Шрафот за штелување мора да биде затегнат пред да се почне
со работа со машината.
Секогаш користете ја помошната рачка.
Работни предмети кои што се обработуваат мора да бидат
цврсто стегнати доколку не се држи со самата своја тежина.
Работните предмети никогаш да не се водат рачно према
плочата.
Пред пуштањето во погон на машината навртката со
прирабница треба да биде цврсто затегната. Ако вметнатиот
алат не е зацврстен со навртка со прирабница постои можност
вметнатиот алат при закочување да ја изгуби потребната сила
на затегнување.
Македонски
161
Mak

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

M18 fhsag150xpdb