Descargar Imprimir esta página

Milwaukee M18 FHSAG125XPDB Manual Original página 165

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 42
БАТЕРИИ
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето
на батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите
на високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба. Батриите кои не биле користени подолго
време треба да се наполнат пред употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:,
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C
и на суво место., Акумулаторот да се складира на приближно
30%-50% од состојбата на наполнетост., Акумулаторот
повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и
не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги собираат старите
батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од
Mak
краток спој).
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Во случај на преоптоварување на батериите поради енормно
висока потрошувачка на електрична енергија, на пр.
екстремно висок број на вртежни моменти, заглавување
на оперативната алатка, нeoчекувано сопирање или краток
спој, електричната алатка прекинува со работа и по 2 секунди
автоматски се исклучува. За ресетирање, извадете го
акумулаторот од алатот и заменете го.
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата се загрева
премногу. Во таков случај трепкаат сите ламбички од приказот
за полнење сè додека батеријата не се излади. По гаснење на
приказот за полнење може да се продолжи со работа. Тогаш
ставете ја батеријата во уредот за полнење за повторно да ја
напоните и активирате.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен
патен транспорт на истите.
Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна
на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за
транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција
и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно обучени
лица. Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето
тоа со цел да се избегнат кратки споеви. Внимавајте да не дојде
до изместување на батериите во нивната амбалажа. Забранет
е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски
батерии. За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
Македонски
162
ЗАШТИТА ОД ПОВТОРНО ПРИДВИЖУВАЊЕ
Алатот на струја се испорачува со заштита од рестартирање.
Ова спречува стартување на вклучениот алат на струја само
од себе кога е вметнат акумулаторот и од рестартирање по
исклучување на акумулаторот.
Ако брусното тело е надвор од парчето за обработка, проверете
дали прекинувачот е во положба „Исклучено", а потоа
повторно вклучете го за да продолжите да работите.
Ако дискот за сечење е внатре во парчето за обработка,
почекајте додека целосно не запре дискот, отстранете го
акумулаторот, извадете го дискот од засекот, проверете
дали прекинувачот е во положба „Исклучено", ставете го
акумулаторот, а потоа повторно вклучете го алатот на струја за
да продолжите да работите.
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТОВАРУВАЊЕ И ПОВРАТЕН УДАР
Апаратот располага со една заштитна функција за Overload
и Anti Kickback и во случај на соодветно преоптоварување
застанува со работа. Проверете дали прекинувачот е во
положба „Исклучено", а потоа повторно вклучете го алатот на
струја за да продолжите да работите.
СИСТЕМ ЗА КО ЕЊЕ
Инерционата кочница се активира кога ќе се ослободи
прекинувачот, предизвикувајќи запирање на алатот за неколку
секунди.
Вметнатиот алат треба целосно да запре пред да го оставите.
Во споредба со алати без инерциона кочница, времето на
самозапирање ќе се скрати значително преку кочење.
Ако времето помеѓу отпуштањето на прекинувачот и
запирањето на вметнатиот алат се зголеми премногу, потребно
е сервисирање на алатот од страна на овластен сервис на
MILWAUKEE.
МАЗЕН СТАРТ
Електронски контролиран мазен старт за безбедно користење
кој штити од почетното нагло задвижување на машината.
ОДРЖУВАЊЕ
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да
е зафат врз машината.
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба
да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните
агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ
на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и
типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја
скицата кај локалниот застапник или директно кај: Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Germany.

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

M18 fhsag150xpdb