Descargar Imprimir esta página

Milwaukee HD18 AG125 Manual Original página 61

Ocultar thumbs Ver también para HD18 AG125:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 18
делење можат да се разликуваат од фланшите за други
дискови за брусење.
д) Не употребувајте искористени дискови за брусење од
поголеми електро-алати. Дисковите за брусење за поголеми
електро-алати не се погодни за повисоките броеви на вртежи
кај помалите електро-алати и можат да се скршат.
Други специјални безбедносни упатства за брусење
со делење:
а) Избегнувајте заглавување на дискот за делење или
премногу висок контактен притисок. Не изведувајте
претерано длабоки засеци. Преоптоварувањето на дискот за
делење го зголемува неговиот напор и чувствителноста за
извртување или блокирање, а со тоа и на можноста за
повратен удар или за кршење на телото за брусење.
б) Избегнувајте го доменот пред и зад ротирачки диск за
делење. Доколку дискот за делење го движите во материјалот
за обработка во насока подалеку од себе, во случај на
повратен удар електро-алатот со дискот што се врти, може да
се насочи директно кон вас.
в) Доколку дискот за делење се заглави или доколку
прекинете со работа, исклучете го електро-алатот и држете
го мирно сè додека дискот не постигне состојба на
мирување. Никогаш не обидувајте се, да го извлечете
дискот од засекот додека се врти, во спротивно може да
дојде до повратен удар. Констатирајте и отстранете ја
причината за заглавувањето.
г) Не вклучувајте го електро-алатот повторно, сè додека
истиот се наоѓа во материјалот за обработка. Дозволете
дискот да го достигне целиот број на вртежи, пред
внимателно да го продолжите сечењето. Во спротивно
дискот може да заглави, да отскокне од материјалот за
обработка или да предизвика повратен удар.
д) Потпрете ги плочите или големите материјали за
обработка, за да го намалите ризикот од повратен удар
како резултат на заглавен диск за делење. Големи
материјали за обработка може да свијат како последица на
својата тежина. Материјалот за обработка мора да биде
потпран на двете страни и тоа како во близина на засекот за
делење така и на работ.
ѓ) Бидете особено внимателни при „сечење џебови" кај
ѕидови или во други непрегледни области. Дискот што
навлегува може да предизвика повратен удар при сечење во
гасоводи или водоводи, понатаму во електрични водови или
други објекти.
Специјални безбедносни упатства за мазнење со
хартија за шмирглање:
a) Не употребувајте прекудимензионирани листови за
мазнење. Следете ги податоците на производителот по
однос на големината на листот за мазнење. Листови за
шмирглање што зјаат надвор од подлогата за мазнење, можат
да предизвикаат повреди како и блокирање, кинење на
листовите или да доведат до повратен удар.
Специјални безбедносни упатства во врска со работата со
четките со жица:
a) Внимавајте на тоа, дека четката со жица во текот на
вообичаената употреба губи парчињ од жицата. Не ги
преоптоварувајте жиците со премногу голем притисок на
допир. Парчиња од жицата што се разлетуваат можат да
навлезат низ тенка облека и/или во кожата.
б) Доколку е препорачана заштитна капа, спречете да
дојде до можност за допир помеѓу заштитната капа и
четката со жица. Кај четките со подножје и за четкање може
да дојде до зголемување на нивниот дијаметар како резултат
на притисокот при допир и на центрифугалните сили.
Останати безбедносни и работни упатства
При глодање на метал, се создаваат летечки искри.
Погрижете се луѓето да не бидат загрозени. Поради
ризик од пожар, запалливи матери не смеат да бидат
лоцирани во близина (зона на искрење). Не користете
издув за прав.
120
МАКЕДОНСКИ
Избегнувајте искри и прашина од брусењето да го
погодат телото.
Никогаш не посегнувајте во зоната на опасната работна
површина при вклучена машина.
Во случај на значителни вибрации или појава на други
неправилности веднаш исклучете ја машината со цел да
ја најдете причината за нив.
При екстремни услови на работа (на пр. кај глатко
брусен метал со потпорни тањири и дискови од
вулканизирани влакна за брусење) може да се наталожи
силен талог на нечистотија во внатрешноста на аголната
брусилица (метални наталожувања). Под вакви работни
услови поради безбедносни причини потребно е
претходно вклучување на заштитниот прекинувач на
струјата на дефектот. После реагирање на
FI-заштитниот прекинувач машината мора да се испрати
на oдржување.
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат
додека е машината работи.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и не
горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги собираат старите
батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од
краток спој).
Користете исклучиво Систем C 18 за полнење на батерии од C 18
систем. Не користете батерии од друг систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги само
на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во контакт со
исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај на контакт
со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и задолжително
одете на лекар.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Аголната брусилка се употребува за делење и брусење
согребење (грубо гребење) на голем број материјали
како например на метал или камен, како и за мазнење
на подлогиза мазнење на пластика и за работа со четка
со челичнажица. Во секој случај почитувајте ги
упатствата напроизводителите на приборот.
За работи со делење употребувајте ја заштитната капа
од програмата за прибор.
Во секој случај почитувајте ги упатствата
напроизводителите на приборот.
Eлектричното орудие е прикладно само за сува
обработка.
РАБОТНИ УПАТСТВА
За алатите кои се наменати за опремување со шилесто
тркало за дупчење, осигурете се дека жицата во
тркалото е доволно долга за да ја прифати должината
на вретеното.
Сечени и брусени плочи да се употребуваат и чуваат
секогаш према податоците на производителот.
Во случај на груба обработка и пресекување секогаш се
работи со заштитна капа.
При расцепување на камен мора да биде користена
подлошка водилка!
Коленчестите плочи за стругање мора да бидат
монтирани на тој начин, што нивната клизна површина
ќе завршува барем 2 мм под рамнината на работ на
заштитната капа.
Шрафот за штелување мора да биде затегнат пред да
се почне со работа со машината.
Секогаш користете ја помошната рачка.
Работни предмети кои што се обработуваат мора да
бидат цврсто стегнати доколку не се држи со самата
своја тежина. Работните предмети никогаш да не се
водат рачно према плочата.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат
комплетно отворени постојано.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани
треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги
сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја
листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален
приказ на алатот. Ве молиме наведете го бројот на
артиклот како и типот на машина кој е отпечатен на
етикетата и порачајте ја скицата кај локалниот застапник
или директно кај: Techtronic Industries GmbH,
Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Во своја сопствена одговорност изјавуваме дека под "Технички
податоци" опишаниот производ е во склад со сите релевантни
прописи од регулативата 2011/65/EU (RoHs), 2014/30/EU,
2006/42/EC и следните хармонизирачки нормативни
документи:
EN 60745-1:2009+A11:2010
EN 60745-2-3:2011
EN 55014-1:2006+A1:2009+A2:2011
EN 55014-2:1997+A1:2001+A2:2008
EN 50581:2012
Winnenden, 2016-03-29
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
БАТЕРИИ
Подолг период неупотребувани комплети батерии да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат
траењето на батериите. Избегнувајте подолго
изложување на батериите на високи температури или
сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се
наполнат целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после
нивното полнење треба да бидат извадени од апаратот
за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30
дена: Акумулаторот да се чува на температура од
приближно 27°C и на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6
месеци.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред
отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
Секогаш при користење на машината
носете ракавици.
Носете ракавици!
Не употребувајте сила.
Само за работи на брусење.
Само за работи на сечење.
Дополнителна опрема - Не е вклучена во
стандардната, а достапна е како додаток.
Не ги фрлајте електричните апарати
заедно со другиот домашен отпад!
Европска регулатива 2002/96/EC за
одлагање на електична и електронска
опрема и се применува согласно
националните закони. Елекричните
апарати кои го достигнале крајот на својот
животен век мора да бидат одвоено
собрани и вратени во соодветна
рециклажна установа.
СЕ-знак
EurAsian (Евроазиски) знак на
конформитет.
МАКЕДОНСКИ
121

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Hd18 ag1154487 21 024416 40 024487 25 024415 03 02