LED светилки
Трајно светло 1× зелено
Трепкаво светло 1× зелено
Замена на копчестата батерија (види слика A)
Пред целосно да се истроши копчестата батерија (12) на
апликацијата се прикажува предупредување.
За да го отворите капакот на преградата за батерии (11),
свртете го спротивно од стрелките на часовникот со
одвртувач и потоа извадете го капакот на преградата за
батерии. Извадете ја празната копчеста батерија и
вметнете нова. При вадењето внимавајте на тоа,
држачот за батерии да не е оштетен. Внимавајте на
тоа, позитивниот пол на копчестата батерија да биде
свртен нагоре.
Затворете го повторно капакот од преградата за батерии.
Управување преку апликацијата
Батериската светилка е опремена со Bluetooth®-модул,
којшто со безжична технологија овозможува пренос на
податоци до одредени мобилни уреди со Bluetooth®-
интерфејс (на пр. паметен телефон, таблет).
За да можете да ја користите батериската светилка преку
Bluetooth®, потребна ви е Bosch-апликацијата „Bosch
Toolbox". Преземете ја апликацијата преку соодветниот
App-Store (Apple App Store, Google Play Store).
Потоа во апликацијата изберете ја потточката „My Tools".
Екранот на вашиот мобилен уред ги покажува сите
понатамошни чекори за поврзување на батериската
светилка со уредот.
Откако ќе се воспостави врска со мобилниот уред и кога
ќе се направи авторизација, на располагање се следните
функции:
– Далечинска контрола
– Временска контрола
– Комбинирање на повеќе батериски светилки во една
група
– Персонализирање
– Проверка на статусот, издавање на пораки за
предупредување
– Општи информации и подесувања
– Управување
Совети при работењето
Кратко пред да се исклучи батериската светилка поради
празна батерија, таа трепнува три пати и светне со
намалена осветленост.
Дефект - Причини и помош
Причина
Помош
Не може да се воспостави Bluetooth®-поврзување со
батериската светилка.
Батериската светилка не
Извадете ги за 10 секунди
испраќа Bluetooth®-сигнал.
копчестата батерија (12) и
батеријата (8).
Bosch Power Tools
Капацитет
Причина
5−20 %
Светлото на батеријата не се користи преку Bluetooth®
и покрај вметнатата и наполнетата батерија.
0−5 %
Bluetooth®-модулот не е
активиран.
Батериската светилка не се вклучува по безжичното
полнење.
Индукциската батерија
мора одново да се
активира.
PIN-от на Bluetooth®-поврзувањето не функционира.
PIN-от мора да се ресетира
на фабрички поставки.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред каква било интервенција на батериската
u
светилка (на пр. монтажа, одржување итн.) како и
при транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од батериската светилка. При
невнимателно притискање на прекинувачот за
вклучување/исклучување постои опасност од
повреди.
Батериската светилка не мора да се одржува и не содржи
делови, што треба да се менуваат или одржуваат.
Исчистете го стаклото на батериската светилка со сува,
мека крпа, за да избегнете оштетувања. Не користете
средства за чистење или раствори.
Кога копчестата батерија е целосно испразнета, заменете
ја со нова.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Македонски | 117
Помош
Притиснете на
прекинувачот за
вклучување/исклучување
неколку пати (7), сè додека
батериската светилка не се
користи преку Bluetooth®.
Извадете ја 10 секунди
батеријата (8).
Извадете ги за 10 секунди
копчестата батерија (12) и
батеријата (8).
1 609 92A 7NL | (17.05.2022)