Descargar Imprimir esta página

Milwaukee M12 SI-0 Manual Original página 33

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 12
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Tип на дизајн
Просечна топлинска моќ (макс.)
Поставена температура на лемење
Време за загревање
Напон на батеријата
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014 (2,0 Ah)
Препорачана температура на околината за работа
Препорачани комплети акумулаторски батерии
Препорачани полначи
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Внимателно прочитајте го
упатството за употреба и запознајте се со елементите
за употреба и со начинот за соодветна употреба на
алатката. Сочувајте ги сите безбедносни упатства и
инструкции за во иднина.
БЕЗБЕДНОСНИ ИНСТРУКЦИИ ЗА РАЧКА ЗА ЛЕМЕЊЕ
Запаливи материјали можат да се запалат при допир со
нажежен врв за лемење. Контактот со нажежен врв за
лемење може да предизвика пожар.
Не поставувајте или не чувајте уред вертикално на
заменливата батерија. Рачката за лемење може да се
пресврти и нажежениот врв на рачката да влезе во контакт
со запаливи материјали. Кога не ја користите рачката за
лемење, секогаш ја оставајте легнала на страна.
Фаќајте го уредот секогаш зад заштитата за прсти. При
контакт со кожата нажежениот врв на рачката може да
предизвика тешки изгоретини.
Пред да го приберете уредот за складирање, секогаш ја
вадете заменливата батерија. Таа превентивна мерка ќе го
спречи неволното стартување на уредот.
Работајте само во добро проветрена просторија. При
лемење можат да се образуваат пари и дим.
При работа со хемикалии, на пример, средство за
растопување или паста за лемење, носете ги личните
заштитни средства. Придржувајте се кон инструкциите на
производителот.
За да ја намалите опасноста од повредување, секога ги
носете заштитни очила, коишто са затворени од страните.
При замена на врвот на рачката, пред да го пипнете, секогаш
се уверете дека е истинал и дека температурниот индикатор
е исклучен. При контакт со кожата нажежениот врв на
рачката може да предизвика тешки изгоретини.
Не поставувајте го уредот на батеријата (нестабилна)
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ НАПОМЕНИ
Немојте да дозволите, деца, лица со
ограничена телесна, сензорска или
душевна способност или недостаток
на искуство и знаења или лице, кои
што не се запознаени со упатството
за употреба, да ја користат оваа
машина. Локалните прописи може да
ја ограничат возраста на операторот.
Извадете го батерискиот склоп пред
64
M12 SI
Рачка за лемење
90 W
400 °C
18 s
12 V
0,41 kg
-18...+50 °C
M12B...
M12...
отпочнување на каков и да е зафат
врз машината.
Не ги оставајте искористените
батерии во домашниот отпад и
не горете ги. Дистрибутерите на
Милвоки ги собираат старите
батерии, со што ја штитат нашата
околина.
Не ги чувајте батериите заедно со
метални предмети (ризик од краток
спој).
Користете исклучиво Систем M12 за
полнење на батерии од M12 систем.
Не користете батерии од друг систем.
Киселината од оштетените батериите
може да истече при екстремен напон
или температури. Доколку дојдете
во контакт со исатата, измијте се
веднаш со сапун и вода. Во случај на
контакт со очите плакнете ги убаво
најмалку 10минути и задолжително
одете на лекар.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од
наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката,
заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и
во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои
содржат избелувачки супстанции, можат да предизвикаат
краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Рачката за лемење се користи за лемење или тинење на
електрични компоненти, кабли, проводници и сл. независно
од снабдувањето со електрична енергија.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен
пропишаниот за нормална употреба.
МАКЕДОНСКИ
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС го намалуваат траењето на
батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите
на високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да се одржуваат
чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За што е можно подолг век на траење, апаратите после
нивното полнење треба да бидат извадени од полначот за
батерии.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C
и на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Транспорт на литиум-јонски батерии
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и
одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен
патен транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии
од страна на шпедитерски претпријатија подлежни на
одредбите за транспорт на опасни материии. Подготовките
за шпедиција и транспорт треба да ги вршат исклучиво
соодветно обучени лица. Целокупниот процес треба да
биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на
следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а
сето тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во
нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-
јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
ОДРЖУВАЊЕ
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба
да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните
агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж
на апаратот со наведување на машинскиот тип и
шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во
Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Отстранете ја батеријата пред да започнете да ја
користите машината.
Постојано да се носат заштитни очила!
Внимание, жешки површини!
Електричните апарати и батериите што се полнат
не смеат да се фрлат заедно со домашниот
отпад.
Електричните апарати и батериите треба да се
собираат одделно и да се однесат во соодветниот
погон заради нивно фрлање во склад со начелата
за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби или
кај специјализираниот трговски претставник,
каде има такви погони за рециклажа и собирни
станици.
Европска ознака за сообразност
Британска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
65

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

M12 si