Descargar Imprimir esta página

Bosch 0601072C02 Manual Original página 237

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 38
Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот мерен уред без надзор. Без
u
надзор, тие може да се заслепат себеси или други лица.
Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од експлозија,
u
каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот уред создава искри,
кои може да ја запалат правта или пареата.
Мерниот уред е опремен со безжичен интерфејс. Треба да се внимава на
u
локалните оперативни ограничувања, на пр. во авиони или болници.
Внимание! При користењето на мерниот уред со Bluetooth® може да настанат
u
пречки на другите уреди и системи, авиони и медицински апарати (на пр.
пејсмејкер, апаратчиња за слушање). Исто така не може целосно да се
исклучи можноста за повреда на луѓе и животни во непосредна околина. Не
го користете мерниот уред со Bluetooth® во близина на медицински уреди,
бензински пумпи, хемиски уреди, области со опасност од експлозија и во
близина на мински полиња. Не го користете мерниот уред со Bluetooth® во
авиони. Избегнувајте долготрајна употреба во директна близина на телото.
Ознаката со зборови Bluetooth® како и сликите (логоата) се регистрирани марки
и сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секое користење на оваа ознака со зборови/
слики се врши со лиценца преку Robert Bosch Power Tools GmbH.
Опис на производот и перформансите
Наменета употреба
Мерниот уред е наменет за мерење на далечини, должини, висини, растојанија,
косини и за пресметување на површини и волумени.
Мерниот уред е погоден за користење во внатрешен и надворешен простор.
Мерните резултати може да се пренесат преку Bluetooth® на други уреди.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на мерниот уред
на сликите.
(1) Екран
(2) Мерно копче
(3) Копче Плус
(4) Копче Избор на референтно ниво
(5) Копче за вклучување-исклучување
Bosch Power Tools
Македонски | 237
1 609 92A 5E2 | (29.01.2021)

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Glm 50 c professional0601072c00