OBJ_BUCH-804-004.book Page 109 Friday, May 9, 2014 7:52 AM
Брзозатезна глава за дупчење (види слика A)
Држете ја цврсто задната чаура 3 на брзозатегачката глава
1 и свртете ја предната чаура 2 во правец , додека не се
вметне алатот. Вметнете го алатот.
Држете ја цврсто задната чаура 3 на брзозатезната глава
за дупчење 1, а предната чаура 2 свртете ја цврсто со рака
во правец на вртење додека целосно не се вклопи. Со
тоа, главата автоматски се заклучува.
Главата повторно ќе ја отклучите, откако ќе ја свртите
преданата чаура 2 во спротивен правец за да го извадите
алатот.
Алати за зашрафување (види слика B)
При користење на битови за одвртувачот 9 секогаш треба
да користите универзален држач за битови 10. Користете
само битови што се соодветни на главата за
зашрафување.
Менување на главата за дупчење
Кај електричните апарати без заклучување на вретеното
за дупчење, главата за дупчење мора да биде заменета од
страна на овластена сервисна служба за електрични
апарати од Bosch.
Главата за дупчење мора да биде зацврстена со
вртежен момент со затегање од 31–35 Nm.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 волти исто така може да се користат и на
220 волти.
Bosch Power Tools
Поставете го правецот на вртење (GBM 10 RE)
(види слика C)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење 7
може да го промените правецот на вртење на
електричниот апарат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување 6 е притиснат ова не е
возможно.
Тек на десно: За дупчење и зашрафување на шрафови
притиснете го прекинувачот за менување на правец на
вртење 7 на лево до крај.
Тек на лево: За одвртување одн. отшрафување на
шрафови и мутери притиснете го прекинувачот за
менување на правецот на вртење 7 на десно до крај.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
6 и држете го притиснат.
За Фиксирање на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување 6 притиснете го копчето за
фиксирање 5.
За да го исклучите електричниот апарат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 6 одн. доколку
тој е блокиран со копчето за фиксирање 5, кратко
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
6 и потоа ослободете го.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Поставување на број на вртежи (GBM 10 RE)
Бројот на вртежите на вклучениот електричен апарат
може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа
колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување 6.
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување 6 се постигнуваат мал број на вртежи. Со
зголемување на притисокот се зголемува и бројот на
вртежи.
Совети при работењето
Електричниот апарат ставете го на мутерот/шрафот
само доколку е исклучен. Доколку апаратот е вклучен
и се врти, тој може да се преврти и падне.
При дупчење во метал, користете само беспрекорно
наострени HSS дупчалки (HSS=висококапацитетни за
брзо сечење со челик). Програмата на опрема на Bosch
гарантира квалитет.
Со уредот за острење на бургии (опрема) без мака може
да ја наострите спиралната бургија со дијаметар од
2,5–10 мм.
За особено прецизно работење употребете сталак за
дупчење (опрема).
Машинското менгеме од опремата овозможува безбедно
затегнување на делот што се обработува. Ова го спречува
вртењето на делот што се обработува и несреќите што
може да настанат притоа.
Македонски | 109
1 609 92A 0N7 | (9.5.14)