Descargar Imprimir esta página

LG TONE Free HBS-FN4 Manual Del Usuario página 216

Ocultar thumbs Ver también para TONE Free HBS-FN4:

Publicidad

Користење на LG TONE Free™
Copyright © 2020 - 2022 LG Electronics Inc. All Rights Reserved
ЗАБЕЛЕШКА: За најдобри резултати и за да спречите било какво оштетување или неправилно
користење на слушалките, внимателно прочитајте ги сите овие информации пред користењето
на слушалките.
Какви било модификации или промени во овој прирачник поради типографски грешки или
неправилности на наведените информации ќе бидат направени само од LG Electronics Inc.
LG TONE Free (HBS-FN6 / HBS-FN5U / HBS-FN4) се лесни безжични слушалки кои користат Bluetooth
технологија.
Овој производ може да се користи како аудио додаток за уреди кои поддржуваат или A2DP
или Hands-Free Bluetooth профил.
Безбедносни мерки за предупредување
ВНИМАНИЕ
!
Не расклопувајте го, не прилагодувајте го и не поправајте го производот самоволно.
Не ставајте го производот во близина на прекумерна топлина или запалливи материјали.
Производот може да се оштети ако се користи некомпатибилен полнач.
Уверете се дека бебе или дете нема да проголта магнетен или мал дел од производот.
Уверете се дека туѓи тела не влегуваат во конекторите на полначот (портата за полнење
и приклучокот за полнење). Непридржувањето на ова може да доведе до пожар или
струен удар.
Ако имате имплантирано медицински уред, контактирајте со докторот пред користење
на уредот.
Овој производ има вградена батерија и батеријата не може да се извади или замени
самоволно.
За ваша безбедност, не вадете ја батеријата вградена во производот.
Ако самоволно ја смените батеријата или не ја смените правилно, таа може да експлодира.
Литиум-јонската батерија е опасна компонента која може да предизвика повреда.
Замената на батерија од неквалификуван персонал може да предизвика оштетување
на вашиот уред.
Не менувајте ја батеријата сами. Батеријата може да биде оштетена, што може да
предизвика прегревање и повреда. Батеријата мора да биде заменета од овластен
сервисер. Батеријата треба да се рециклира или да се фрли одделно од отпадот во
домаќинствата.
214

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Tone free hbs-fn5uTone free hbs-fn6