Важни безбедносни информации
Избегнување оштетување на слух
Може да се појави трајна загуба на слух ако ги користите слушалките на голема јачина на
звук. Поставете ја јачината на звук на безбедно ниво. Може да се навикнете со тек на време на
повисока јачина на звук која може да звучи нормално но може да го оштети вашиот слух.
Ако почувствувате ѕвонење во ушите или засипнат говор, престанете со слушање и
проверете го слухот. Колку е погласна јачината на звукот, толку е потребно помалку време да
се оштети вашиот слух. Експертите за слух за да го заштитите вашиот слух предлагаат:
• Ограничете го времетраењето на користење на слушалки на
голема јачина на звук.
• Избегнувајте зголемување на јачината на звук за да ја блокирате
бучната околина.
• Намалете ја јачината на звук ако не можете да ги слушнете
луѓето кои зборуваат во ваша близина.
Погледнете го упатството за корисникот за повеќе информации за тоа како да ги прилагодите
нивоата на слушање на вашите слушалки.
Безбедно користење на слушалки
Користење слушалки да слушате музика додека управувате со возило не се препорачува и е
нелегално во некои области. Бидете внимателни и претпазливи додека возите. Престанете
со користење на уредот ако видите дека ви пречи или ви го одвлекува вниманието додека
управувате со каков било тип на возило или извршувате друга активност за која е потребно
целосно внимание.
79