• При полнење, адаптерот треба да биде вклучен во штекер
во близина што е лесно достапен.
• Исклучете ги полначот од штекерот и од уредот кога не го
користите.
• Консултирајте се со доктор и со производителот на уредот
за да определите дали користењето на уредот може да
влијае врз работата на вашиот медицински уред.
• Не обидувајте се да ја заменувате батеријата самостојно –
може да ја оштетите батеријата, а тоа може да предизвика
прегревање, пожар и повреда. Сервисирањето на
вградената батерија во вашиот уред треба да го врши Honor
или овластен давател на услуги.
• Чувајте ја батеријата подалеку од оган, прекумерна топлина
и директна сончева светлина. Не ставајте ја на или во уреди
за затоплување. Не расклопувајте ја, не изменувајте ја, не
фрлајте ја и не гмечете ја. Не ставајте туѓи тела во неа, не
потопувајте ја во течности и не изложувајте ја на
надворешна сила или притисок бидејќи тоа може да
предизвика истекување, прегревање и запалување, па дури
и да експлодира.
Информации за фрлање и рециклирање
Симболот на производот, батеријата, литературата или
амбалажата значат дека производите и батериите треба да се
однесат во посебни места за собирање отпад одредени од
локалните власти по крајот на работниот век. На тој начин ќе се
обезбеди дека отпадот од електричната и електронската
опрема ќе се рециклира и ќе се третира на начин што ги
зачувува вредните материјали и го заштитува здравјето на
луѓето и околината. За повеќе информации, контактирајте со
локалните власти, продавачот или службата за фрлање на
отпадот од домаќинствата или посетете ја веб-локацијата
https://www.hihonor.com/.
Информации за изложеност на радиофреквенции
За земји што го прифаќаат ограничувањето за SAR од 2,0 W/kg
над 10 грама ткиво. Уредот ги исполнува спецификациите за RF
кога се користи во близина на увото или на растојание од 0,50
cm од телото. Највисока пријавена вредност на SAR: SAR на
глава: 0,84 W/kg; SAR на тело: 1,22 W/kg.
Усогласеност со прописите на ЕУ
Ние, Honor Device Co., Ltd. изјавуваме дека овој уред RBN-NX1 е
во согласност со следниве Директиви: RED 2014/53/ЕУ, RoHS
2011/65/ЕУ, ErP 2009/125/EЗ. Целиот текст на Декларацијата за
усогласеност за ЕУ, деталните информации за ErP и најновите
информации за додатоци и софтвер се достапни на следнава
интернет-адреса:
https://www.hihonor.com/global/legal/certification/.
Ограничувања во опсегот од 5 GHz:
Фреквентниот опсег од 5150 до 5350 MHz е ограничен на
употреба во затворен простор во следниве земји: AT, BE, BG,
CH, CY, CZ, DE, DK, EE, EL, ES, FI, FR, HR, HU, IE, IS, IT, LI, LT, LU, LV,
MT, NL, NO, PL, PT, RO, SE, SI, SK, TR, UK(NI).
Фреквентни опсези и моќност
GSM900: 35.5dBm, GSM1800: 32.5dBm, WCDMA900/2100: 25.7dBm,
LTE Band 1/3/7/8/20/28(TX: 703-733MHz)/38/40: 25.7dBm, 5G NR
SA Band: n1/n3/n7/n8/n20/n28(TX: 703-733MHz)/n38/n40: 26dBm,
n41/n77(3300-3800MHz)/n78: 29dBm, 5G NR NSA Band:
n1/n3/n7/n8/n20/n28(TX: 703-733MHz)/n38/n40/n41/
n77(3300-3800MHz)/n78: 26dBm, Bluetooth 2.4GHz: 20dBm, Wi-Fi
2.4GHz: 20dBm, Wi-Fi 5G: 5150-5250MHz: 23dBm, 5250-5350MHz:
36