Descargar Imprimir esta página

GGP ITALY MP 24 Li Manual De Instrucciones página 275

Podadora alimentada por batería

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 145
Намалување на нивото на темелноста може
да доведе до зголемување на контраударот.
• Техники за употреба на пила со синџир
на струја (со напојување на батерија)
Секогаш следете ги предочувањата за ваша
безбедност и применувајте ги техниките
за сечење што најдобро одговараат на
работата во согласност со индикациите
и со прикажаните примери и упатства.
• Безбедно движење на пилата со синџир
на струја (со напојување на батерија)
Секогаш кога е потребен пренос или
транспорт на машината, треба:
– да се исклучи моторот, да се смири
синџирот и да се исклучи машината
од довод на ел. енергија (да се
извади батеријата од лежиштето);
– да се стави заштитата за лостот.
– да се држи машината само за држачите
и да се насочи лостот во правец
спротивен од правецот на движење.
Кога машината се транспортира
со возило, треба да се постави на
начин да не претставува опасност
за никој и да се блокира цврсто.
• Препораки за почетници
Пред да започнете со сечење и
кастрење за првпат, неопходно е:
– да имате соодветна обука за
користење на овој вид апарати,
– да сте ги прочитале безбедносните
предочувања и упатството за користење
што се составен дел на овој прирачник,
– да сте вежбале на мали грмушки на
земја или фиксирани на соодветни
потпори на начин што ќе доведе до
неопходната запознаеност со машината
и со најчестите техники за сечење.
• Правилна работа и употреба на
електричните апарати и батеријата
a) Проверете дали апаратот е исклучен
пред да ја ставите батеријата. Ставање
батерија во вклучен електричен апарат
може да предизвика инциденти.
b) Користете само полначи за полнење
на батериите што ги препорачува
производителот. Полначите на
батериите генерално се специфични за
типот на батеријата, ако се користат со
други типови, постои ризик од пламен.
c) Користете само батерии со
спецификации што се предвидени
за вашиот апарат. Употреба на
други батерии може да предизвика
повреди и ризик од пламен.
d) Чувајте ја батеријата што не ја
користите подалеку од канцелариски
прибор, пари, клучеви, игли, навртки
и други мали метални предмети
што може да предизвикаат краток
спој на контактите. Краток спој на
контактите на батеријата може да
доведе до експлозија и пламен.
e) Батерија во неисправна состојба може
да предизвика истекување на течноста.
Избегнувајте контакт со течноста. Во
случај на случаен контакт, исплакнете
со вода. Во случај на контакт на
течноста со очите, консултирајте
се со доктор. Истечената течност
од батеријата може да предизвика
иритација на кожата и изгореници.
f) Проверете дали батеријата е во
добра состојба и дали има знаци од
оштетување. Не користете ја машината
со оштетена или користена батерија.
2.4 ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Заштитата на животната средина
треба да се извршува релевантно и
приоритетно при употреба на машината
во корист на граѓанските погодности
и на просторот во кој живееме.
• Избегнувајте појава на елементи
што го нарушуваат непосредното
опкружување. Користете ја машината
само во разумно време (не многу
рано наутро и доцна навечер кога
може да ги вознемирите луѓето).
• Во текот на работата доаѓа до одредено
распрскување на маслото во средината,
кое пак е неопходно за подмачкување
на синџирот. Заради тоа, користете само
биоразградливи масла, специфични за
вакво користење. Употребата на минерално
масло или моторно масло предизвикува
сериозни штети на околината.
• Доследно следете ги локалните закони
за фрлање на амбалажата, делови во
распаѓање или какви било елементи со
штетно влијание врз животната средина.
Овие отпадоци не смеат да се фрлаат
во ѓубре, туку треба да се селектираат
и да се однесат во соодветни собирни
центри за рециклирање материјали.
• Следете ги во целост локалните
закони за фрлање на материјалите
што се резултат на сечењето.
• При исфрлање од употреба, не оставајте
ја машината каде било во природата,
туку предајте ја во собирен центар во
согласност со важечките локални закони.
MK - 5

Publicidad

loading