Descargar Imprimir esta página

Bosch 0 601 2B4 000 Manual Original página 212

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 31
212 | Македонски
рацете ќе можете да го контролирате алатот.
Тркалезниот материјал, како на пр. дрвени прачки,
цевки или цевчиња, може да се тркалаат за време на
сечењето, и да предизвикаат сечилото да се навали
или да отскокне кон вас.
Тргнете го настрана кабелот од ротирачка
u
дополнителна опрема. Ако изгубите контрола,
кабелот може да се пресече или закачи и вашата
дланка или рака може да влезе во ротирачката
дополнителна опрема.
Не го оставајте електричниот алат долу додека
u
дополнителната опрема не запре целосно.
Ротирачката опрема може да ја зафати површината и
да го повлече електричниот алат надвор од ваша
контрола.
По менување на сечилата, или по нивно
u
подесување, уверете се дека навртката на
затезната чаура, полугата или некој друг дел се
безбедно прицврстени. Олабавените делови може
ненадејно да се поместат, да предизвикаат губење
контрола, и олабавените ротирачки делови ќе бидат
силно отфрлени.
Не го вклучувајте електричниот алат додека го
u
држите свртен кон вас. Случаен контакт со ротирачка
дополнителна опрема може да ја закачи вашата
облека, со повлекување на дополнителната опрема
кон вашето тело.
Редовно чистете ги воздушните вентили на
u
електричниот алат. Вентилаторот на моторот
повлекува прав во куќиштето, а претераната
акумулација на метален прав може да предизвика
опасност од електричен удар.
Не работете со електричниот алат во близина на
u
запаливи материјали. Искрите можат да ги запалат
овие материјали.
Не користете дополнителна опрема за која се
u
потребни течни разладувачи. Користењето вода или
други течни разладувачи може да доведе до смрт или
струен удар.
Одбивање и слични предупредувања
Одбивање е ненадејна реакција на приклештен или
закачен ротирачки диск, потпорен диск, четка или друга
дополнителна опрема. Приклештувањето или
закачувањето предизвикува брзо маневрирање на
ротационата дополнителна опрема, кое од друга страна,
предизвикува присилно насочување на
неконтролираниот електричен алат во спротивен правец
од ротирањето на опремата.
На пример, ако абразивен диск е закачен или
приклештен за делот што го обработувате, острицата на
дискот која влегува во приклештената точка може да се
зарие во површината на материјалот и дискот да се
помести или ослободи. Дискот може да скокне или да се
одбие од операторот, во зависност од неговата насока на
движење на точката на приклештување. Абразивните
дискови, исто така, може да се искршат под овие услови.
1 609 92A 6DP | (15.06.2021)
Одбивањето е резултат на погрешна употреба и/или
несоодветно работење или услови, и може да се избегне
со преземање на соодветните превентивни мерки
наведени подолу.
Цврсто држење на електричниот алат и
u
позиционирање на вашето тело и рака за да се
овозможи отпор на силите на одбивање.
Операторот може да ги контролира реакциите на
силата на одбивање, доколку се преземат соодветни
превентивни мерки.
Обрнете посебно внимание при изработка на агли,
u
остри ивици и др. Избегнувајте отскокнување и
закачување на дополнителната опрема. Аглите,
острите ивици или отскокнувањето може да доведат до
закачување на дополнителната опрема и да
предизвикаат губење на контрола или одбивање.
Не закачувајте назабено сечило за пила. Овие
u
сечила предизвикуваат брзи одбивања и губење на
контрола.
Секогаш вметнувајте го сечилото во материјалот во
u
истата насока од која острицата на сечилото
излегува од материјалот (а тоа е истата насока во
која ивериците се исфрлаат). Ако го вметнувате
алатот во погрешна насока, тоа може да предизвика
острицата на сечилото да излезе од делот што се
обработува, и да го повлече алатот во насока на делот
што се обработува.
При користење на ротирачки стругови, дискови за
u
сечење, сечила со голема брзина или
волфрамкарбид сечила, секогаш безбедно
прицврстувајте го делот што се обработува. Овие
дискови се заглавуваат ако жлебот незначително се
накоси и може да се приклештат. Ако одвоениот диск
се заглави, вообичаено се крши. Ако ротирачкиот
струг, сечилото со голема брзина или волфрамкарбид
сечилото се заглават, истите може да се одвојат од
жлебот и може да изгубите контрола врз алатот.
Безбедносни предупредувања специфични за
брусење и абразивно сечење
Користете само видови на дискови коишто се
u
препорачуваат за вашиот електричен алат, за
препорачана употреба. На пример: не користете
диск за сечење за странично брусење. Абразивните
дискови за сечење се наменети за периферно
брусење, страничните сили што се применуваат на
овие дискови може да предизвикаат нивно
распарчување.
За навојни абразивни конуси и клинови, користете
u
исклучиво неоштетени дискови за вретено, со
нерамни прирабници и со правилна величина и
должина. Соодветните вретена ќе го намалат ризикот
од кршење.
Не го „притискајте" дискот за сечење и не
u
применувајте прекумерен притисок. Не
настојувајте да направите прекумерно длабок
засек. Преоптоварувањето на дискот го зголемува
оптоварувањето и осетливоста на виткање и
Bosch Power Tools

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Ggs 18v-10 slc professional3 601 bb4 0