Descargar Imprimir esta página

Bosch GFZ Professional 16-35 AC Manual Original página 118

Publicidad

OBJ_BUCH-594-004.book Page 118 Friday, April 29, 2016 4:50 PM
118 | Македонски
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за сечење на дрва,
пластика и лесни градежни материјали без држење со
рака. Тој е погоден за праволиниски и резови со
вдлабнување. Треба да внимавате на препораките за
листови за пилата.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Меч
2 Дополнителна дршка (изолирана површина на
дршката)
3 Копче за подесување на бројот на удари
4 Блокада при вклучување на прекинувачот за
вклучување/исклучување
5 Прекинувач за вклучување/исклучување
6 Рачка (изолирана површина на дршката)
7 Млазници за вшмукување
8 Канал за вшмукување
9 SDS-копче за отклучување на листот на пилата
10 Запци за вклопување на каналот за вшмукување
11 Штитник за листот на пилата
12 Лист на пилата*
13 Навртка со нарецкана глава за дополнителната дршка
14 Дистанциона цевка за дополнителната дршка
15 Назабена навртка за дополнителната дршка
16 Шрафови за дополнителната дршка
17 Зафаќач на листот за пила
18 Чивија за заклучување на листот за пила
19 Водилка за листот за пилата
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
1 609 92A 2PW | (29.4.16)
Технички податоци
Електрична пила
„лисичина опашка"
Број на дел/артикл
Номинална јачина
Број на удари во празен од n
0
Удари
Должина на мечот
Тежина согласно
EPTA-Procedure 01:2014
Класа на заштита
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност
од изведбата во односната земја.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност
со EN 60745-2-11.
Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува:
ниво на звучен притисок 91 dB(A); ниво на звучна јачина
102 dB(A). Несигурност K=3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a
трите насоки) и несигурност K дадени се во согласност со
EN 60745:
Сечење на шперплочи: a
=5,0 m/s
h
Сечење на дрвени греди: a
=5,5 m/s
h
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е
измерено со нормирана постапка според EN 60745 и
може да се користи за меѓусебна споредба на
електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на
електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се
користи за други примени, со различна опрема, алатот
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова
може значително да го зголеми оптоварувањето со
вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога
е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
GFZ 16-35 AC
0 601 637 7..
W
1600
-1
min
850–2600
мм
50
мм
350
кг
5,2
/ II
(векторски збор на
h
2
2
, K=1,5 m/s
,
2
2
, K=1,5 m/s
.
Bosch Power Tools

Publicidad

loading