Descargar Imprimir esta página

Milwaukee M18 FFUS Manual Original página 64

Ocultar thumbs Ver también para M18 FFUS:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 21
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата се загрева
премногу. Во таков случај трепкаат сите ламбички од приказот
за полнење сè додека батеријата не се излади. По гаснење на
приказот за полнење може да се продолжи со работа.
Транспорт на литиум-јонски батерии
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен
транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна
на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за
транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција
и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно обучени
лица. Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето
тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во
нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-
јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско
претпријатие.
РАБОТА СО УРЕДОТ
Power
button
Battery
LED
Temperature
protection
LED
Индикатор за полнење
Кога магацинот е скоро празен (содржи само 4–5 спојувалки)
под нормален притисок не се активира работен контакт и не
се забива спојувалка. Наполнете го магацинот за да може да
продолжите со работа.
Приспособување на длабочината на забивање (погледни
илустрации)
Проверете што се наоѓа зад парчето што се работи. При
забивањето, спојувалката може да го пробие материјалот и
сериозно да повреди други лица. Намалете ја потребата од
поголема длабочина на забивање, за да спречите спојувалката
да го пробие материјалот.
Режим за контрола на температурата
Режимот за контрола на температурата го штити електричниот
алат кога се користи при екстремно ниски/високи температури
(надвор од препорачаната температура на околината) или ако
електричниот алат се прегрее/замрзне за време на употребата.
Во таков случај, електричниот алат се исклучува и LED
диодите на копчето за вклучување/потврда за контакт трепкаат
наизменично. Пред употреба оставете го електричниот алат да се
загрее/излади.
126
ОТСТРАНУВАЊЕ НА ЗАГЛАВЕНА ИГЛА
Повеќето од заглавувањата се предизвикани од иглички или дел
од иглички што се заглавени помеѓу водечкиот лист и водичот
на игличките Лентите со иглички со погрешен агол на наклонот
или со погрешна големина можат да предизвикаат трајно
заглавување.
Отстранување на заглавувањето:
1. Извадете ја батеријата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! При вметнувањето на игличките
насочувајте ја алатката понастрана од себе или од други
лица. Во спротивност постои опасност од повреда.
2. Отстранете ја лентата со иглички од магацинот.
3. Повлечете го блокаторот на магацинот надолу и извлечете го
магазинот од алатката.
4. Отстранете ги спојниците и другите остатоци (по потреба
користете шпиц-клешта).
5. Пред да започнете повторно со работа, следете ги чекорите во
делот „Потребна дневна проверка".
НЕОПХОДНА Е СЕКОЈДНЕВНА ПРОВЕРКА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За да се намали ризикот од повреда
за вас или за други лица, секојдневно, пред да почнете со
работа, вршете ја следната проверка, пред сè ако алатката
паднала на земја, доживеала силен удар или била згазната.
Извршете ги следните проверки по дадениот РЕДОСЛЕД. Ако
алатката не функционира нормално, веднаш контактирајте ја
сервисната служба за клиенти на MILWAUKEE.
Секогаш насочувајте ја алатката понастрана од себе или од
други лица.
1. Извадете ја батеријата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! При вметнувањето на игличките
насочувајте ја алатката понастрана од себе или од други
лица. Во спротивност постои опасност од повреда.
2. Проверете си сите штрафови, болцни, навртки и штифни на
алатката. Лабавите елементи за прицврстување треба да се
прицврстат.
3. Повлечете го наназад придвижувачот на иглички во
магацинот (за да го деактивирате индикаторот за полнење) и
притиснете го работниот контакт на парчето што го работите.
Активирањето мора да следи непречено.
4. Кога работниот контакт се наоѓа на парчето што го работите,
притиснете го прекинувачот. Активирањето мора да следи
непречено.
5. Ставете ја батеријата.
6. Повлечете го наназад придвижувачот на иглички во магацинот
(за да го деактивирате индикаторот за полнење) без да го
активирате прекинувачот, и притиснете го работниот контакт
на парчето што го работите. Алатката не смее да започне
со работа. Тргнете го работниот контакт од парчето што го
работите и повлечете го наназад придвижувачот на иглички во
магацинот (за да го деактивирате индикаторот за полнење).
Прекинувачот држете го притиснат 5 секунди. Алатката не
смее да започне со работа. И понатаму држете го притиснат
прекинувачот и притиснете го работниот контакт на парчето
што го работите. Алатката не смее да започне со работа.
Пред да го притиснете прекинувачот, повлечете го наназад
придвижувачот на иглички во магацинот (за да го деактивирата
индикаторот за полнење) и притиснете го работниот контакт
на парчето што го работите. Притиснете го прекинувачот.
Алатката мора да почне со работа. Пуштете го прекинувачот.
Болцната за забивање мора да се придвижи нагоре.
7. По успешното вршење на сите овие проверки, алаткате може
да биде пуштена во погон. Изберете го саканиот режим на
работа и вметнете ја лентата со иглички.
8. Подесете на длабочината на забивање согласно поглавјето
„Подесување на длабочината на забивање" и внимавајте на
илустрацииите.
9. По завршувањето на сите проверки уредот е спремен да биде
пуштен во погон. Проверките вршете ги на дневна основа пред
МАКЕДОНСКИ
употребата на алатката, односно секогаш кога алатката ќе ви
падне, ќе доживее тежок удар, кога ќе биде згазната, кога ќе се
заглават шајки итн.
ОДРЖУВАЊЕ
Отворите за вентилација на машината мора да бидат чисти во
секое време.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат
заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на
Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на апаратот
со наведување на машинскиот тип и шестоцифрениот број на
табличката со учинокот или во Вашата корисничка служба или
директно кај Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10,
71364 Winnenden, Германија.
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете
внимание на упатствата за употреба.
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на
каков и да е зафат врз машината.
Секогаш при користење на машината носете
ракавици.
Носте штитник за уши.
Носете ракавици!
Содржина под притисок. Не отворајте ја
електричната алатка. Може да дојде до сериозни
повреди. Обратете се на овластен сервисен центар
за сите поправки.
Држете ги рацете подалеку!
Дополнителна опрема - Не е вклучена во
стандардната, а достапна е како додаток.
Не отстранувајте ги отпадните батерии, отпадната
електрична и електронска опрема како несортиран
комунален отпад. Отпадните батерии и отпадната
електрична и електронска опрема мора да се
собираат посебно.
Отпадните батерии, отпадните акумулатори и
отпадните извори на светлина треба да се отстранат
од опремата.
Проверете кај вашиот локален орган или продавач
за совети за рециклирање и место за собирање.
Во зависност од локалните регулативи, трговците
на мало може да се обврзани бесплатно да ги
преземаат искористените батерии, како и отпадната
електрична и електронска опрема.
Вашиот придонес за повторна употреба и
рециклирање на отпадните батерии и отпадната
електрична и електронска опрема помага да се
намали побарувачката на суровини.
Отпадните батерии, посебно оние што содржат
литиум, и отпадната електрична и електронска
опрема содржат вредни материјали за рециклирање,
кои може негативно да влијаат на животната средина
и на здравјето на луѓето доколку не се отстранат на
еколошки компатибилен начин.
Избришете ги личните податоци од отпадната
опрема, доколку ги има.
V
Напон
Истосмерна струја
Европска ознака за сообразност
Ознака за сообразност на ОК
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
127

Publicidad

loading