При приближување на метален предмет, светлечкиот прстен (5) прво
свети жолто, потоа преоѓа во црвено. Приказот за метален предмет (4)
свети и се слуша звучен сигнал.
Исто така и при жолт светлечки прстен може метален предмет да
u
се наоѓа под полето на сензорот. Мали или длабоко поставени
метални предмети се наоѓаат во близина на сензорот или составот на
ѕидот го нарушува мерниот резултат.
Пребарување на струјни кабли
Мерниот уред прикажува еднофазни струјни кабли (110−240 V,
50−60 Hz). Други кабли (повеќефазни струјни кабли, еднонасочна
струја, повисока/пониска фреквенција или напон) како и кабли кои не
спроведуваат струја не може со сигурност да се најдат, туку наместо тоа
се прикажуваат како метални предмети.
Мерни подготовки и посебни карактеристики при процесот на мерење:
– Кабелот мора да спроведува струја. Поради тоа приклучете ги
струјните потрошувачи (на пр. светилки, уреди) на струјниот вод што
се пребарува. Вклучете ги струјните потрошувачи за да сте сигурни
дека има струја во струјниот вод.
– Сигналот од 50 до 60 Hz на струјниот вод мора да го достигнува
мерниот уред. Ако кабелот е во влажни ѕидови (на пр. поради
висока влажност на воздухот), зад метални фолии (на пр. на
топлински изолации) или во празна метална цевка, сигналот на
мерниот уред не достигнува и кабелот може да не може да се најде.
Ако преку голема површина, светлечкиот прстен (5) свети жолто или
црвено, тогаш материјалот заштитува електрично и пребарувањето
на струјни кабли не е веродостојно.
– Мерниот уред мора да е добро заземјен. За тоа цврсто држете ја
рачката (без ракавици) (1). Внимавајте да имате добар контакт со
подот. Изолираните чевли, скали или платформи можат да го
попречат контактот. Самиот под мора исто така да е добро заземјен,
инаку нема да може да се лоцира кабелот.
– Сигналот од 50 до 60 Hz на струјниот вод мора да е појак врз
кабелот отколку во директната околина. Ако ѕидот е многу сув или
лошо заземјен, сигналот е еднакво јак преку целиот ѕид. Тогаш
мерниот уред покажува на голема површина дека е најден сигнал, но
не може точно да го лоцира кабелот. Во овој случај може да помогне
Bosch Power Tools
Македонски | 287
1 609 92A 8B4 | (02.03.2023)