mk
Ова е превод на упатството напишано на англиски јазик Го задржуваме правото на измени на ова упатство без
претходно известување
Важно
Внимателно прочитајте ги овие безбедносни упатства и упатствата за ракување пред поставувањето, ракувањето
или одржувањето на овој алат Чувајте ги овие упатства на безбедно, лесно достапно место
Намена и предвидена употреба на уредот
Покрај упатствата за ракување и обврзните регулативи за спречување несреќи на работното место кои важат во
земјата во која се употребува уредот, потребно е да се придржувате и до признатите регулативи за безбедно и
правилно работење
Уредот за вшмукување прашина мора
• да го користат само лица кои се запознати со неговото правилно ракување и имаат изречно овластување да
ракуваат со него
• да се користи само под надзор
Уредот за вшмукување прав не е наменет за употреба од лица (вклучувајќи и деца) со намалени физички,
сензорни или ментални способности или со недостаток на искуство и знаење
Уредот за вшмукување прав е наменет за употреба со електрични алати
ЗАБЕЛЕШКА! Нема антистатичка функција; во одредени услови може да се создаде статички електрицитет
Децата мора да бидат под надзор за да не си играат со уредот за вшмукување прашина
Уредите за вшмукување прашина опишани во ова упатство за ракување се соодветни за
• вшмукување прашина и течности
• вшмукување прашина за рачни електрични алати
• одвојување на прашината со граница на изложеност поголема од 1 mg/m³, (класа на прашина L) Почитувајте
ги прописите кои важат во вашата земја
Следниве материјали не треба да се вшмукуваат со уредот за вшмукување прашина
• жешки материјали (запалени цигари, жежок пепел, итн )
• запалливи, експлозивни, агресивни течности (на пр бензин, растворувачи, киселини, алкалии, итн )
• запаллива, експлозивна прашина (на пр алуминиумска, магнезиумска прашина, итн )
Уредот за вшмукување прашина мора
• да биде заштитен од дожд и влажно опкружување, освен во случај на вшмукување течности
• да биде заштитен од UV-зрачење
Важни предупредувања
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
• За да се намали ризикот од пожар, електричен удар или повреда, ве молиме
пред употребата да ги прочитате и следите сите безбедносни упатства и ознаки
за внимание. Машината е дизајнирана да биде безбедна кога се користи за
активности за чистење во согласност со наведените. Ако електричните или
механичките делови се оштетени, машината и/или дополнителната опрема мора
да ги поправи соодветен сервис центар или производителот пред машината да
120
Mirka® Dust Extractor • 1025 L