Descargar Imprimir esta página

MIRKA 1025 L Instrucciones De Manejo página 124

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 54
mk
Вшмукување течности (B)
Пред вшмукувањето течности, секогаш отстранувајте ја филтер вреќичката Проверете ја исправноста на
пловката Доколку се создава пена или се појави течност, веднаш прекинете со работата и испразнете го
резервоарот за собирање нечистотии
Чистење на влошката на филтерот (C)
Ако дојде до намалување на моќта на вшмукување:
1 Вклучете го уредот за вшмукување прашина
2 Затворете ги млазниците или цревото за вшмукување со дланка
3 Притиснете го копчето за чистење на филтерот најмалку три пати во времетраење од по две секунди
Настанатото струење на воздухот ја отстранува наталожената прашина од спојките на влошките на филтерот
4 Ако моќта на вшмукување е мала и по чистењето на филтерот, заменете го филтерот
Функција за дување (D)
Уредот за вшмукување прашина има функција за дување за чистење на непристапните места или за сушење на
површината на влажните предмети
Не го насочувајте воздухот кон собите на неконтролиран начин Кога ја користите функцијата за дување,
секогаш користете чисто црево Подигнатата прашина може да биде опасна по здравјето Не ја користете
функцијата за дување во затворени простории
Приклучување електрични машини (E)
Приклучницата на уредот за вшмукување прашина користете ја само за намената наведена во упатствата за
ракување
ВНИМАНИЕ! При приклучување машини во приклучницата на електричниот уред следете ги нивните упатства
за ракување и упатствата за безбедност
Пред да приклучите машина во приклучницата на уредот за вшмукување прашина:
1 Исклучете го уредот за вшмукување прашина
2 Исклучете ја машината што сакате да ја приклучите
Одржување, чистење и поправки (F+G)
Извршувајте го само одржувањето опишано во упатствата за ракување Секогаш исклучувајте го кабелот од
напојувањето пред да го чистите или одржувате уредот за вшмукување прашина Никогаш не прскајте вода на
горниот дел на уредот за вшмукување прашина Опасност за луѓето, опасност од појава на краток спој
Користењето резервни делови и дополнителна опрема кои не се оригинални можат негативно да влијаат
на безбедноста на уредот за вшмукување прашина Користете исклучиво оригинални резервни делови и
дополнителна опрема од Mirka Ltd
За време на одржувањето и чистењето, ракувајте со уредот за вшмукување прашина на начин кој нема да
претставува опасност за лицата кои го вршат одржувањето или другите лица
Во просторот за одржување
• користете задолжителна филтрирана вентилација
• носете заштитна облека
• чистете го просторот за одржување за штетните материи да не се најдат во околината
За време на одржувањето и поправањето сите валкани делови кои не можело задоволително да се
исчистат мора да се:
• спакуваат во непропустливи вреќи
• да се фрлат како отпад на начин кој е во согласност со важечките прописи за отстранување на таков вид отпад
Исфрлање како отпад на влошките на филтерот и филтер вреќичките
Исфрлајте ги влошките на филтерот и филтер вреќичките во согласност со државните регулативи
Транспорт
Пред да го транспортирате резервоарот за собирање нечистотии, затворете ги сите блокади Не го навалувајте
уредот за вшмукување прашина доколку во резервоарот за собирање нечистотии има течност Не користете
куки за дигалки за да го кревате уредот за вшмукување прашина
124
Mirka® Dust Extractor • 1025 L

Publicidad

loading