! при косење висока трева, прво поставете го
механизмот за косење на максималната висина
за косење и потоа на пониска висина
! прилагодете ја брзината на одење при косење
висока трева
•
Индикатор за полна кутија за трева i
- испразнете ја кутијата за трева J штом крилцето
K ќе се спушти само. Тоа укажува дека кутијата за
трева е полна
- За оптимални резултати при собирањето трева,
редовно чистете ги отворите под крилцето K со
рачна четка
•
Функција за малч o
- за поставување малч, поставете приклучок за малч
N како што е прикажано
•
Индикатор за нивото на батеријата e
- притиснете на индикаторот за нивото на батеријата
Q за да се прикаже тековното ниво на батеријата
e a
! ако по притискање на копчето Q e b почне
да трепка индикаторот за најниско ниво на
батеријата, тогаш батеријата е празна
! кога ќе почне да трепка индикаторот за
нивоата на батеријата 2 по притискање на
копчето Q e c, батеријата не е во рамките на
дозволениот опсег за работна температура
•
Заштита на батеријата
Алатот наеднаш се исклучува или не може да се
вклучи, кога
- товарот е преголем --> отстранете го товарот и
почнете повторно
- температурата на батеријата не е во рамките
на дозволениот опсег на работна температура
од -20 до +50°C --> 2 нивоата на индикаторот за
ниво на батеријата почнуваат да трепкаат кога ќе
го притиснете копчето Q e c; почекајте батеријата
да се врати во рамките на дозволениот опсег на
работна температура
- батеријата е скоро празна (заштита од целосно
празнење) --> на индикаторот за нивото на
батеријата ќе се прикаже ниско ниво на батеријата
или ќе трепка за ниско ниво на батеријата e b
кога ќе притиснете на копчето Q; наполнете ја
батеријата
! не продолжувајте да притискате на
прекинувачот за вклучување/исклучување
откако алатот ќе се исклучи автоматски;
батеријата ќе се оштети
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
•
Овој алат не е наменет за професионална употреба
•
Секогаш исклучувајте го алатот, вадете ја батеријата
и проверувајте дали сите подвижни делови целосно
запреле
•
Секогаш чувајте го алатот чист
•
Исчистете ја косилката по секоја употреба со четка
и сува крпа
! не користете вода (особено не спреови под
висок притисок)
- отстранете ја насобраната покосена трева од
сечивото со дрвен или пластичен алат
•
Чување p
- превиткајте ја рачката на машината за штедење на
просторот за складирање и одложете ја машината
како што е прикажано; прво испразнете ја
кутијата за трева
! проверете да не е заглавен кабелот на рачката
кога ќе ја склопувате/расклопувате рачката на
алатот (не испуштајте ја рачката)
- не ставајте други предмети врз одложената
косилка
•
Редовно проверувајте ја кутијата за трева за знаци
на изабеност или оштетување
•
Редовно проверувајте дали сечивото и навртките се
изабени или оштетени и заменувајте ги во парови за
да ја задржите рамнотежата
•
Замена на сечивото за косење a
! отстранете ги безбедносното копче и
батеријата од алатот и отстранете ја кутијата за
трева J 2 b
! носете заштитни ракавици
- свртете ја косилката
- извадете/ставете сечиво за косење со клуч 23 како
што е прикажано
! користете само сечива за косење од соодветен
тип (број на резервен дел на SKIL 2610S00817,
обележен со LERA430X)
- темелно исчистете ја областа кај оската и
внатрешноста на машината пред да го поставите
сечивото за косење
•
Доколку алатот и покрај внимателното работење и
контрола некогаш откаже, поправката мора да ја
изврши некој овластен SKIL сервис за електрични
алати
- во случај на примедба, испратете го алатот
нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до
вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис
(адресите се наведени на www.skil.com)
•
Имајте предвид дека оштетувањето настанато
заради преоптоварување или неправилно ракување
со алатот ја отфрла гаранцијата (видете на
www.skil.com или прашајте го продавачот за условите
на гаранцијата на SKIL)
РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
•
Следниот список ги прикажува симптомите за
проблемите, можните причини и дејства за поправка
(контактирајте со продавачот или сервисерот
ако истите не го идентификуваат ниту решаваат
проблемот)
! секогаш исклучувајте го алатот, отстранувајте
ги батериите и безбедносното копче и
проверувајте дали се целосно запрени сите
подвижни делови
Машината не работи
- празна батерија -> наполнете ја батеријата
- нема безбедносно копче -> проверете дали
безбедносното копче е добро монтирано r
- проблем со телескопската рачка -> целосно
извлечете ја рачката и заклучете ги лостовите 2 c
- топла батерија -> оставете ја батеријата да се
излади
- сечилата се заглавени -> исчистете го заглавениот
материјал
- тревата е многу висока -> зголемете ја висината за
косење и закосете ја машината
- внатрешен дефект -> контактирајте со продавачот/
сервисерот
96