Descargar Imprimir esta página

Bosch UniversalAquatak 36V-100 Manual Original página 183

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 27
Симптоми
Можна причина
Предолго високопритисно црево
Млазницата е делумно запушена или заглавена Исчистете ја млазницата
Одржување и сервис
Одржување
Пред да вршите било каква работа врз уредот,
u
изгаснете ги сите функции, исклучете го од
електрично напојување и од довод на вода.
Совет: Следниве операции извршувајте ги редовно, за да
обезбедите долготрајна и сигурна употреба на уредот.
Редовно проверувајте го уредот за очигледни
недостатоци, како што се лабави фитинзи и истрошени
или оштетени делови.
Проверете да се поставени и прицврстени сите заштитни
капаци и штитници. Пред употреба спроведете ги сите
неопходни проверки и поправки.
После употреба/Складирање
Исклучете го уредот и повлечете го чкрапалото за да се
ослободи од акумулираниот притисок и да се исцеди
цревото под висок притисок.
Исчистете ја пералката однадвор користејќи мека четка
или крпа. Не употребувајте вода, разредувачи или полир-
пасти. Отстранете ги сите отпадоци, особено оние на
филтерот за воздух на моторот.
Складирање на крај на употребната сезона: Отстранете ја
цела вода од пумпата, додека моторот работи неколку
секунди и држете го притиснато чкрапалото.
Не држете други предмети на уредот.
Не ставајте предмети во преградата за батерии.
Уредот чувајте го на место каде што не може да замрзне.
Осигурајте се при складирањето кабелот не е притиснат.
Не притискајте го високопритисното црево.
Филтер
Употребата на два филтри (внатрешен и надворешен
филтер) ја зголемува заштитата од загадувачи кои
влегуваат во машината и на тој начин го продолжува
животниот век на производот.
Проверувајте дали двата филтри се секогаш чисти и без
загадувачи.
Заштита на околината
Хемикалии опасни по животната средина не смее да се
испуштаат во почвата, подземните води, бари, реки и
слично.
При користењето детергенти прочитајте го упатството за
употреба и почитувајте го размерот препорачан за
нивното разредување.
При миењето на моторни возила треба да се почитуваат
важечките прописи: Моторно масло и други мазива не
смее да се испуштаат во подземните води. Рециклирајте
ги суровините наместо да ги фрлате.
Bosch Power Tools
Помош
Извадете го продолжетокот од цревото со
висок притисок (продолжеток на цревото макс.
7 m)
Одржување на батеријата
За да постигнете оптимална употреба на батеријата
следете ги следните упатства и мерки на претпазливост:
– Заштитете ја батеријата од влага и вода.
– Чувајте ја батеријата во граници на температура од –
20 °C до 50 °C. Не оставајте ја батеријата на пример во
автомобил во летен период.
– Батеријата полнете ја одвоено, а не додека стои во
уредот.
– Не оставајте ја батеријата во косачката изложена на
дирекна сончева светлина.
– Оптималната температура за чување на батеријата
изнесува 5 °C.
– Повремено чистете ги отворите за проветрување на
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува дека
батеријата е потрошена и мора да се замени.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
под:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Македонски | 183
F 016 L94 142 | (27.07.2023)

Publicidad

loading