Descargar Imprimir esta página

Makita PDC1500 Manual De Instrucciones página 261

Unidad portátil de alimentación eléctrica
Ocultar thumbs Ver también para PDC1500:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 75
ВНИМАНИЕ:
Осигурете се дека батеријата
е цврсто затегната на склопот на ременот за
рамо. Во спротивно, батеријата може да падне
кога ќе го носите или ќе го користите уредот и
да предизвика повреда. Ако се гледа црвениот
индикатор како што е прикажано на сликата,
батеријата не е целосно блокирана во место.
► Сл.11: 1. Црвен индикатор
ВНИМАНИЕ:
Кога ќе ја вадите батеријата,
притиснете го копчето за блокирање додека
цврсто ја држите рачката.
► Сл.12: 1. Рачка 2. Копче за блокирање
Прикачете го џебот за адаптер на ременот за појас
со куката и спојката на јамката како што е прикажано
на сликата.
► Сл.13: 1. Џеб за адаптер
НАПОМЕНА: Џебот за адаптер може да се
прикачи или на левата или на десната страна на
ременот за појас.
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Кога го носите уредот,
ставете го ременот за рамо на двете рамена. Во
спротивно, уредот може да падне кога го носите
или користите и да предизвика повреда.
ВНИМАНИЕ:
Кога го носите уредот, носете
го на грб. Во спротивно, уредот може да падне за
време на работата и да предизвика повреда.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте ги
алатот или машината пред да го вклучите
уредот или да го поврзете приклучокот на
адаптерот или алатот/машината за напојување
во штекерот на батеријата. Во спротивно, алатот
или машината може ненадејно да се стартуваат и
да предизвикаат повреда.
НАПОМЕНА: Адаптерот за 18 V не е достапен за
овој уред.
Користење на држачите за кабел
Прикачете го кабелот на батеријата со користење на
држачите за кабел на склопот на ременот за рамо.
► Сл.14: 1. Држач за кабел
Може да го прикачите кабелот од батеријата на
држачите за кабел како што е прикажано на сликата.
► Сл.15: 1. Држач за кабел
Исто така, може да го прикачите кабелот на
батеријата користејќи го само држачот за кабел на
ременот за појас како што е прикажано на сликата.
► Сл.16: 1. Држач за кабел
Исто така, може да го прикачите кабелот на
батеријата на држачите за кабел како што е
прикажано на сликата.
► Сл.17: 1. Држач за кабел
ВНИМАНИЕ:
прикачиле кабелот на ременот за рамо само на
левата или десната страна, така што кабелот
нема да се вкрсти со ременот за рамо.
► Сл.18
ВНИМАНИЕ:
од батеријата на држачите за кабел. Не
прикачувајте го кабелот од адаптерите или
алатот/машината за напојување на држачите за
кабел. Прикачувањето на кабелот од адаптерите
или алатот/машината за напојување може да
предизвика несреќа и да дојде до повреда.
► Сл.19
► Сл.20
Поврзување на уредот со алатот
или машината
1.
Извадете ја батеријата од склопот на ременот
за рамо.
2.
Извлечете го кабелот од левата или десната
страна на батеријата. Кога ќе го извлекувате
кабелот, поставете го во држачите како што е
прикажано на сликата.
► Сл.21: 1. Кабел 2. Држач
Исто така, може да го извлечете кабелот надолу
како што е прикажано на сликата.
► Сл.22
3.
Прикачете ја батеријата на склопот на ременот
за рамо.
4.
Вметнете го приклучокот на адаптерот или
алатот/машината за напојување во штекерот на
батеријата до крај, така што ознаката со стрелка е
порамнета со онаа на штекерот.
► Сл.23: 1. Приклучок 2. Штекер 3. Ознака со
стрелка
ЗАБЕЛЕШКА:
приклучокот и штекерот, не држете ги каблите,
туку држете ги приклучокот и штекерот. Во
спротивно, каблите може да се оштетат и да
предизвикаат дефект на уредот.
НАПОМЕНА: Приклучокот и штекерот се
исклучуваат ако се примени одредено
оптоварување.
5.
Монтирајте ги адаптерите на алатот или
машината на ист начин како и касетата за
батеријата.
► Сл.24: 1. Адаптер
За алат или машина на батерии од 36 V
(18 V x 2), користете ги адаптерите за 36 V
(18 V x 2).
За алат или машина на батерии од 36 V -
40 V макс., користете го адаптерот за 36 V -
40 V макс.
За алати или машини со директно
поврзување не е потребен адаптер.
261 МАКЕДОНСКИ
Осигурете се дека сте го
Прикачете го само кабелот
Кога ќе ги исклучувате

Publicidad

loading