– Во една кофа со топла вода исчистете ги сите делови
што спроведуваат боја со обична четка за миење.
Исчистете го и каналот за боја (16) на пиштолот за
прскање (1).
– Проверете дали во цевката за всисување (12) со
дихтунгот на резервоарот (14) нема материјал за
прскање и дали е оштетена.
– Исчистете го отворот за проветрување (15) со
соодветна четка за чистење.
– Исчистете го резервоарот (7) и пиштолот за
прскање (1) однадвор со влажна крпа.
– Пред да ги вградите деловите, оставете ги целосно да
се исушат.
– Монтирајте го системот за фино распрскување по
обратен редослед.
Дихтунгот на резервоарот (14) притиснете го нагоре
во жлебот на цевката за всисување (12).
Осигурете се дека дихтунгот на резервоарот е
правилно позициониран во жлебот на цевката за
всисување, за да се заптијат добро пиштолите за
прскање.
Цевката за всисување (12) ставете ја повторно до крај
во каналот за боја (16).
Чистење по употреба на бои базирани на растворувач
(види слика K)
Пиштолите за прскање и садот за материјалот за прскање
секогаш чистете ги со соодветното средство за
разредување за користениот материјал за прскање.
Никогаш не чистете ги млазниците и отворите за воздух
на пиштолот за прскање со остри предмети.
При чистење со разредувачи и бои со разредувачи
носете соодветни ракавици.
– Исклучете ја основната единица (19) и извадете го
цревото за воздух (17) од пиштолот за прскање (1).
– Доколку е потребно, исчистете ја основната единица
со крпа натопена со средство за разредување, потоа
тргнете ја настрана основната единица (19) и цревото
за воздух (17) од непосредното место на чистење.
– Олабавете го садот (7) од пиштолот за прскање (1).
Држете го садот (7) под вертикалната цевка (12) и
притиснете го контролниот прекинувач (6) на
пиштолот за прскање, за да може да се врати
материјалот за прскање назад во садот.
– Целосно испразнете го садот (7).
Материјалот за прскање може да се чува за
понатамошна употреба во херметички затворен сад за
бои. За тоа на пр. користете го резервниот сад (8) со
капак или оригиналниот сад за материјал за прскање.
– Исчистете го садот (7).
– Демонтирајте ја вертикалната цевка (12) со дихтунг за
садот (14) и добро исплакнете ја.
Повторно прицврстете ја вертикалната цевка (12) со
дихтунг за садот (14) на пиштолот за прскање.
– Наполнете го садот (7) до половина со растворувач и
повторно прицврстете го на пиштолот за прскање (1).
Bosch Power Tools
– Протресете го пиштолот за прскање повеќе пати.
Притоа внимавајте да не испрскате од средството за
разредување. Постои опасност од експлозија.
– Олабавете го садот (7) од пиштолот за прскање (1)и
целосно испразнете го во соодветно канче што се
затвора.
– Демонтирајте ја навртката за осигурување (3),
капачето за воздух (2), дихтунг-подлошката (11),
капачето со млазница (9) со O-прстен (10) и цевката
за повлекување (12) со дихтунгот на садот (14).
Проверете дали O-прстенот (10) е на капачето со
млазницата.
– Во една кофа со средство за разредување исчистете
ги сите делови што спроведуваат боја со вообичаена
четка за миење. Исчистете го и каналот за боја (16) на
пиштолот за прскање (1).
– Проверете дали во цевката за всисување (12) со
дихтунгот на резервоарот (14) нема материјал за
прскање и дали е оштетена.
По потреба, исчистете го дихтунгот на
резервоарот (14) уште еднаш со средство за
разредување.
– Исчистете го отворот за проветрување (15) со
соодветна четка за чистење.
– Пред да ги вградите деловите, оставете ги целосно да
се исушат.
– Монтирајте го системот за фино распрскување по
обратен редослед.
Дихтунгот на резервоарот (14) притиснете го нагоре
во жлебот на цевката за всисување (12).
Осигурете се дека дихтунгот на резервоарот е
правилно позициониран во жлебот на цевката за
всисување, за да се заптијат добро пиштолите за
прскање.
Цевката за всисување (12) ставете ја повторно до крај
во каналот за боја (16).
Чистење на филтерот за воздух (види слика I)
Филтерот за воздух (28) мора да се исчисти повремено.
Доколку филтерот за воздух е многу извалкан, мора да се
замени.
– Отворете го поклопецот за филтерот за воздух (23).
– Извадете го филтерот за воздух (28).
– Мала нечистотија:
Тропнете го филтерот за воздух (28).
или
Голема нечистотија:
Исчистете го филтерот за воздух (28) под истечна
вода и оставете го добро да се исуши, за да го
избегнете создавањето на мувла.
или
Заменете го филтерот за воздух (28).
– Повторно ставете го филтерот за воздух.
– Повторно затворете го поклопецот на филтерот за
воздух (23).
Никогаш не го користете системот за фино
u
распрскување без филтер за воздух. Честичките од
Македонски | 243
1 609 92A 848 | (11.07.2022)