Descargar Imprimir esta página

Electrolux EIV63443 Manual De Instrucciones página 119

Ocultar thumbs Ver también para EIV63443:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 192
• P25 — 2500 W
• P30 — 3000 W
• P35 — 3500 W
• P40 — 4000 W
• P45 — 4500 W
• P50 — 5000 W
• P60 — 6000 W
5.14 Управ. со енергијата
Ако повеќе зони се активни и потрошената
електрична енергија ги надминува
ограничувањата на напојувањето,
функцијата ја дели расположливата јачина
меѓу сите рингли. Плочата за готвење ги
контролира поставките за јачина на
топлината за да ги заштити осигурувачите
на инсталацијата во куќата.
• Ринглите се групирани според местото
и бројот на фазите на плочата за
готвење. Секоја фаза има максимална
електрична моќност од (3700 W). Ако
плочата за готвење го достигне
ограничувањето на максималната
достапна јачина во една фаза, или
избраното ограничување на вкупната
моќност, јачината на ринглите
автоматски се намалува.
• Секогаш се дава предност на
поставката за јачина на топлината на
ринглата која е избрана последна.
Преостанатата јачина се дели меѓу
претходно активираните рингли по
обратен редослед на избор.
• Екранот за поставката за јачина на
топлината на ринглите со намалена
јачина се менува меѓу првично
одбраната поставка за јачина на
топлината и намалената поставка за
јачина на топлината.
• Почекајте додека екранот не престане
да трепка или не ја намали поставката
за јачина на топлината на ринглата која
е избрана последна. Ринглите ќе
продолжат да работат со намалената
поставка за јачина на топлината.
Променете ги поставките за јачината на
топлината на ринглите рачно доколку е
неопходно.
Управ. со енергијата со Ограничување
на јачината
Кога ќе ја поставите функцијата
Ограничување на јачината на 6000 W или
помалку, јачината на површината за
готвење е поделена помеѓу сите рингли.
Погледнете ја илустрацијата за можни
комбинации при кои јачината може да се
дистрибуира меѓу ринглите.
Кога ќе ја поставите функцијата
Ограничување на јачината на повеќе од
6000 W, јачината на плочата е поделена
меѓу деловите наведени подолу.
5.15 Hob²Hood
Тоа е напредна автоматска функција која
ја поврзува плочата за готвење со
специјален поклопец. Двете, плочата за
готвење и поклопецот имаат инфра -
црвен сигнален комуникатор. Брзината на
вентилаторот е автоматски одредена врз
основа на поставката на режимот и
температурата на најжешкиот сад на
плочата за готвење. Исто така можете да
работите со вентилаторот рачно од
плочата за готвење.
МАКЕДОНСКИ
119

Publicidad

loading